1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германците повеќе се плашат од Трамп отколку од короната

Фолкер Витинг
10 септември 2020

И покрај короната, Германците се оптимисти и имаат толку малку стравови колку што одамна не се случило. Тоа е изненадувачкиот резултат од едно истражување. Најгоре на списокот на стравови е еден политичар.

https://p.dw.com/p/3iHPR
Coronavirus | Deutschland Köln Einkaufsstraße Schildergasse
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Becker

Тоа ги изненади дури и научниците. Веќе 28 години, по налог на Рајфајзен Фолксбанке Осигурување Р+В, се спроведуваат анкети околу стравовите на Германците.

И токму во 2020-та, годината на короната, Германците се најмалку уплашени во споредба со претходните децении. Секако дека во јавност носат маска и се претпазливи. Но, страв од заразување со корона имаат само малкумина.

„Затоа индексот на сите стравови паѓа од 39 на 37 проценти, на најниско ниво од почетокот на спроведувањето на анкетите во 1992 година”, вели Бригите Ремштет, која го води инфоцентарот на Р+В Осигурување.

За студијата биле испитувани мажи и жени на возраст не помлади од 14 години. Анкетарите ги прашувале испитаниците за најголемите политички, економски, лични и еколошки стравови и притоа откриле дека короната на Германците им предизвикува релативно малку страв.

Само 32 проценти (изминатата година биле 35) стравуваат од тешко заболување во оваа од корона доминирана година. „Исто така, само една третина од испитаниците стравувале дека нему лично или на лица од опкружувањето ќе му се случи зараза со короната”, објаснува Ремштет. Слични резултати покажало и испитувањето за трендот во Германија на првата германска телевизија спроведено на почетокот на месецов.

Infografik Die größten Ängste der Deutschen - DE
Од што се плаќат Германците најмногу? На прво место - поопасен свет поради политиката на Трамп, на десетто -да се биде случај за нега на старост

Повеќе страв за благосостојбата отколку од Ковид-19

Германците, и покрај растечките бројки на заразени и свеста дека опасноста и натаму постои, сепак се доста релаксирани. Само 42 проценти од испитаниците стравуваат дека со глобализацијата во иднина може да има повеќе пандемии.

„Со оглед на брзото ширење на вирусот во светот тука очекувавме поголем процент. Според нашите сознанија, луѓето имаат многу повеќе страв од тоа дека вирусот им ја загрозува благосостојбата отколку здравјето”, вели Ремштет.

Прогнозите за конјунктурата за 2020 се мрачни. Некои зборуваат за длабока рецесија, а, според проценки на владата, БДП годинава ќе се намали за шест проценти. Тоа има влијание и на расположението. Економски стравови и можна загуба на работното место се горе на списокот стравови. На второ место со 51% е стравувањето дека ќе се зголемат трошоците за живот.

Професор Манфред Г. Шмит не е изненаден. Политикологот од универзитетот Рупрехт Карл од Хајделберг со години има советодавна улога на осигурителната куќа при интерпретацијата на резултатите од испитувањата. Пред сѐ останува една неизвесност, вели тој: „Стравот дека втор бран корона може да донесе дополнителен, поголем пад на економијата, придонесува за широко распространета несигурност за иднината на бизнисот”.

И, секако, темата безработица. Таа е „само” на 13 од 20 места, но околу 40% од Германците стравуваат пораст на невработеноста, што е плус од 12%.

Повеќе:

Образованието пред стравот од коронавирусот: Европа се врати во училиште

Германците (не)се плашат од короната

Германците сѐ покритични кон Трамп

Поголем страв од Трамп отколку од корона

На 3 ноември Американците избираат нов или старо-нов претседател. За многу Германци ова второво би било хорор верзија. За нив Доналд Трамп е на врвот на скалата на страв. За 53% од испитаниците најмногу страв предизвикува американскиот претседател - на прво место! Уште во 2018. водеше на ранг-листата во анкетата околу стравовите.

Професор Манфред Г. Шмит смета дека овие стравови се „основани“. „Трамп со неговата надворешна политика постојано предизвикува меѓународни компликации.“ Политикологот како пример го наведува трговскиот конфликт со Кина, или напади против сојузници како Германија.

USA Präsident Donald Trump Wahlkampf 2020
Трамп со својата политика ги плаши ГерманцитеФотографија: Reuters/J. Ernst

Спорот околу мигрантите речиси и да не предизвикува стравови

Ако се водиме според анкетата, политичките теми губат на значење. Во претходните години тие постојано беа на горните позиции. Најмногу е намалена загриженоста од темата мигранти и доселеници. Со пад од над десет проценти тие се на најниско ниво во последните пет години. Во 2020 година, само 43% од испитаниците стравувале дека натамошниот прилив на странци може да ги зголеми тензиите меѓу Германците и странците кои живеат тука (минатата година биле 55%), и дека државата ќе биде презаситена од поголемиот број бегалци (минатата година биле 56%).

Уште еден неверојатен резултат покажа и истражувањето на Р+В Осигурувањето: Германците сѐ повеќе им веруват на политиката и политичарите. Само околу 40% од Германците во моментов стравуваат дека политичарите се префорсирани од нивната работа – помалку од кога било досега во овој милениум. Според авторите на студијата, тоа пред сѐ се должи на високата „благодарност на владата за менаџирањето со корона-кризата.“