1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германците се открија себе си!

10 јули 2006

Светското фудбалско првенство во Германија заврши. Со огромен огномет, со химната на првенството, со радоста на Италијанците и тагата на Французите, се спушти завесата врз претставата која 4 недели им го одземаше здивот на милиони фанови. „Светот на гости кај пријатели„ ова мото на првенството сатана вистина потенцирана од сите: од оние што дојдоа во Германија и оние што настаните ги следеа преку телевизи

https://p.dw.com/p/AdVf
Црно-црвено-жолто: колку ќе остане од покажаниот патриотизам?
Црно-црвено-жолто: колку ќе остане од покажаниот патриотизам?Фотографија: AP

ските екрани.

Германија стекна огромен број нови пријатели што ја доживеаја земјата како отворена кон светот, пријателски расположена, без грч. Италија е светски првак, Франција втора, домаќинот Германија трет. Но, во земјата се случи нешто повеќе: луѓето ги обзеде оптимистичко расположение и чувство на гордост за нивната репрезентација и за земјата:

„Ти си Германија„ се вика големата пропагандна кампања што од пред извесно време требаше да ги предизвика Германците за тоа да се ангажираат за својата земја и да бидат горди на тоа:

„Ние сме 82 милиона. Да си ги извалкаме рацете. Ти си раката, ти си 82-та милиона – Ти си Германија. Како би било кога и ти малку би се загреал„.

Подбив и потсмев пожнеаја подготвувачите на пропагандниот спот, пораките беа оценети од наивни до националистички.

И одеднаш оваа често критикувана кампања звучи сосема поинаку.

На славајта низ земјата во изминатите недели Германците, така да се каже, се сретнаа себе си:

„Попријателски, поотворени, пооптимист, би рекол„.

„По едно вакво првенство, верјатно сме поблиски. Во тоа сум убеден„.

„Јас сум изненаден и од самиот себе„.

„За Германија ова беше апсолутно прашање на престиж. А, Германија, мислам, се покажа од најдобрата страна„.

Светското првенство беше голема манифестација за пријателите од целиот свет. Меѓу нив и Германците кои делуваа опуштено како ретко кога. И постојано германското знаме: црно-црвено-златно – насекаде. На почетокот самите Германци се чудеа колку опуштено се однесуваат кон националните симбиоли. Дури и националната химна заеднички се пееше. Повторно се дозволени патриотски чувства:

„Мислам дека ова по малку беше ослободување, ако малку погледаме во историјата. Мислам дека ова беше вистинскиот повод што јас го оценувам позитивно„.

„Да малку патриотизам што ни недостигаше досега, но кој сега се покажа„.

„Националното чувство сега во секој случја е поголемо од порано, иако е патриотизам, но не негативно, туку позитовно гледано„.

Она што во другите змеји одамна е нормално, во Германија беше феномен за кој многу се дебатира. Во светот сето тоа е примено со спокој. Холандскиот музичар Хеман ван Веен дури и се радува на таквата нормалност:

„Ме растрепери, зашто јас за првпат го гледам тоа. Настапувам во Германија 30 35 години и за првпат гледам Германија јавно да го закачува знамето. Тоа никогаш не сум го доживеал и мислам дека вистина е развој што растреперува„.

Германскиот претседател Хорст Келер се надева дека Германците ќе го задржат ново-откриениот патриотизам. Германија е на пат да се запознае самата: добра индиција за тоа е морето знамиња:

„Не сметам дека сега низ земјата ќе се случува некаква треска по знамето. Меѓутоа, секако тоа е знак дека земјата натаму се нормализира и дека се покажува сопственото национално знаме без вкочанетост. Мислам дека тоа е добро„.

Не сите сметаат дека атмосферата во Германија суштински се променила. Многумина научници веруваат дека овој еуфориски патриотизам набргу ќе мине. Историчарот Ханс Улрих Велер на пример, смета дека сето ова е само претстава што има многу паралели со карневал. Веќе се зборува за парти-патриотизам: да се изгледа пријатно, лесно да се учествува и пред сосема безопасно.