Германците трошат милијарди за омилениот пијалок
23 април 2019Овој повеќе од половина век стар документ наложува за производство на пиво да се користат само вода, слад, хмељ и квасец. Указот за чистота се залага за зачувување на старите занаетчиски техники и истовремено важи за најстариот сѐ уште важечки пропис за прехранбен производ во светот.
Во Германија благодарение на указот се разви пивска производна уметност, почитувана ширум светот. Од овие 4 природни состојки во преку 1500 пиварници во Германија од ден во ден се создава уникатна разновидност од повеќе од 6000 марки на пиво.
А и љубовта на Германците кон омилениот пијалок не пресушува. Според последната студија објавена по повод Денот на германското пиво, во минатата година Германците по глава на жител просечно во продавниците и супермаркетите потрошиле околу 100 евра за купување пиво и пијалоци врз база на пиво. Вкупното количество на продадено пиво и пијалоци врз база на пиво пак било 6,1 милијарда литри. Во оваа статистика, меѓутоа, не се земени предвид парите потрошени за пиво во кафулињата, пивските градини, рестораните....