Германците трошат најмногу за божиќни подароци
23 декември 2016За добра атмосфера не сака да штеди никој. Но, колку пари се трошат за подароци во Европа? Тука има големи разлики. На прво место во купување е Германија. Германците во просек трошат по цели 870 евра - така барем тврди агенцијата Фератум, која направи анкета меѓу 13.000 Европејци.
Германците, според ова истражување, за подароци инвестираат над 30% од примањата. Еднакво дарежливи се и Литванците и Естонците.
Сосема на дното на листата се Финска и Холандија. Таму за подароци се трошат само 15, односно 10 проценти од приходите во домаќинството.
Овде може да го погледнете видеото:
Книгите и натаму се најомилен подарок. Но, пари се трошат пред сѐ за играчки и видео-игри. 20 проценти од издатоците одат за таа намена. Потоа доаѓа облеката и електро-апаратите од секаков вид. За музички инструменти се трошат најмалку пари - само 1%.
Притоа, речиси никој не може да се претстави Божик без музика.