Фотографија на денот: Горештини во Германија
18 јуни 2021Реклама
Германија се „вари“ на високи температури, а прогнозите велат дека за време на викендот тие на места ќе бидат уште повисоки.
Освен тоа, метеоролозите предупредуваат и од невреме. Воздухот ќе стане повлажен, што целата ситуација ќе ја направи уште понеподнослива.
Најтоплото место вчера беше аеродромот во Минстер, каде беа измерени 35,5 степени Целзиусови. Оваа #ФотографијаНаДенот не е направена во Минстер, туку во Берлин, но и таму сенката деновиве е и тоа како барана.