1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грижи околу самитот САД-Северна Кореја

СН/ агенции
22 мај 2018

Спроти самитот на лидерите на САД и на Северна Кореја во Сингапур, јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин пристигна на разговори во Вашингтон.

https://p.dw.com/p/2y654
Südkorea TV Trump Kim Jong Un
Фотографија: picture-alliance/AP/A. Young-joon

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Белата Куќа ќе го прими јужнокорејскиот колега Мун Џае Ин. А каков приоритет Трамп ѝ дава на оваа билатерална средба говорат веќе самите рамковни услови: тој имено ќе разговара со Мун во четири очи, половина час.

Доминантна тема на разговорите се разбира ќе биде Северна Кореја. Три недели пред историскиот самит Трамп-Ким на 12 јуни во Сингапур, американскиот претседател во разговорите со јужнокорејскиот колега ќе се обиде да ги разјасни точните намери на лидерот на Северна Кореја. Тие исто така ќе разговараат за денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров. Двајцата претседатели за време на викендот одржаа телефонски разговори, а по денешната средба во Белата куќа нема да биде одржана заедничка прес-конференција.

Südkorea Donald Trump und Moon Jae-in
Фотографија: Reuters/J. Ernst

Повеќе:

-Северна Кореја им се заканува на САД со откажување на самитот

-Помпео ѝ ветува благосостојба на Северна Кореја

-Северна Кореја се согласи на денуклеаризација

Атмосферата пред денешниот состанок во Вашингтон и претстојниот самит САД-Северна Кореја е далеку од еуфоријата, која настана по најавата на Ким Јонг Ун дека се согласува да се сретне со Трамп. 

Американскиот потпретседател Мајк Пенс синоќа изјави дека нема сомнеж дека Трамп би можел да ги напушти преговорите со Ким за денуклеаризацијата на Северна Кореја доколку увиди дека нема конкретни резултати.

Патем, останува и одредена неизвесност околу одржувањето на самитот Трамп-Ким, кој и без тоа е обвиен со плашт на таинственост. Имено, јужнокорејската новинска агенција Јонхап неодамна пренесе дека Пјонгјанг се заканува дека ќе го откаже состанокот во Сингапур поради воените вежни во Јужна Кореја.

Американските власти наведоа дека и натаму се подготвуваат за состанокот, бидејќи не добиле никакво известување за одложување или откажување на средбата.