1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски: ВМРО е код на македонскиот народ

БГ/миа23 октомври 2012

Македонскиот премиер Никола Груевски им го честиташе празникот 23 октомври- Денот на македонската револуционерна борба на македонските граѓани

https://p.dw.com/p/16VBC
Фотографија: MIA

„Само народ кој има храброст да се соочи со соопственото минато, има сили да ја гради и сопствената иднина. Само народ кој има памтење, има зрелост и мудрост да го продолжи животот и да се соочи со сите предизвици што ги носи иднината“, рече македонскиот премиер Никола Груевски во обраќањето на Свечената академија по повод одбележувањето на Денот на македонската револуционерна борба во Македонската опера и балет.

Груевски напомена дека 23-ти Октомври ееден од најсветлите датуми на македонската историја, ден на создавањето на Македонската револуционерна организација која во колективната меморија на македонскиот народ е запишана како ВМРО - Внатрешна македонска револуционерна организација чиј прв претседател бил Христо Татарчев.

„ВМРО со времето прераснала во историски препознатлив код на македонскиот народ. Нејзиниот од по тешките балкански крстосници е нераскинлив дел од нашата судбина“, рече Груевски.

На свечената академија присуствуваа и претседателот на државата Ѓорге Иванов, претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски, претставници на Владата, на судската власт, на јавниот живот,на верските заедници и граѓанскиот сектор.