Грците не плаќаат данок
31 мај 2016Реклама
Многу Грци едноставно немаат пари за да плаќаат даноци, информира Меѓународниот монетарен фонд. Освен тоа, властите се исто толку неефикасни во собирањето даноци како и порано.
Од 100 евра даночен долг, Грците, според ММФ, плаќаат во просек само 45 евра, што е рекорд во Европа. Од 2010 година досега износот постојано се намалува
Истовремено, сѐ повеќе даночни службеници одат во предвремена пензија. Тие со тоа сакаат да ги избегнат планираните кратења во додатоците за пензиско осигурување, кои треба да стапат во сила наредната година.
ММФ веќе извесно време бара отпишување на дел од грчките долгови. Без ваков рез на долговите земјата нема повторно да застане на нозе, оценува ММФ.
Погледнете го видеото: