1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција гори, северната хемисфера се пржи

БГ
27 јули 2018

Од Арктичкиот круг преку Скандинавија до Калифорнија, Јапонија и Северна Африка, исклучителен топлотен бран веќе неколку недели ја зафати северната хемисфера предизвикувајќи рекордно високи температури, суша и пожари

https://p.dw.com/p/32B7h
Deutschland, München: Mädchen am Brunnen
Фотографија: picture-alliance/dpa/V. Bonn-Meuser

Метеоролозите велат дека летните временски услови се резултат на климатските промени.
„2018 полека станува една од најтоплите години во историјата, со нови рекордни температури во многу земји“, вели Елена Манаенкова, заменик генерален-секретар на Светската метеоролошка организација (СМО).
„Ова не е изненадување“, додава таа. „Топлотните бранови и екстремните горештини кои се случуваат се на линија на што го очекувавме како резултат на климатските промени, предизвикани од ефектот на стаклена градина“.
„Ова не е идно сценарио. Се случува сега“.
Времето летово во северниот дел на Европа е особено невообичаено, за што говорат и температури од 30 степени целзиусови во Арктичкиот круг.
Рекордни температури од 33 степени неделава беа измерени во северна Норвешка, повеќе од 15 степени над нормалните за овој период.
Во шведскиот град Квикјок во близина на Арктичкиот круг температурите се искачија до 32,5 степени, додека во Лапонија, Финска следниот ден беа постигнати историски 33,4.
Во Сибир, Русија живата на термометрите достигна 37,2 степени на 9 јули во Томпо и 35,5 во Ванавара на 26 јуни, иако тоа не е рекорд.

Frankreich Hitzewelle in Nizza
Деца се разладуваат во фонтата во Ница, ФранцијаФотографија: Reuters/E. Gaillard
Deutschland Hitzewelle | Niedriger Rheinpegel
Делови од реката Рајна се соочуваат со сериозно опаднат водостој поради високите температуриФотографија: picture-alliance/dpa/F. Gambarini

Во останатите делови на Европа, топлотниот бран ги зафати Ирска, британските острови и Франција, иако температури не ги достигнаа историски највисоките.
Наспроти нив, во јужноевропските држави, летните температури се пониски од нормалните, велат од СМО.
Во Јапонија, десетици луѓе починаа поради огромните жештини кои достигнаа рекордни 41,1 степени.
Во пустината Сахара во Алжир, на 5 јули, живата достигна до 51,3 степени што според експертите е највисоката температура измерена во Алжир во историјата. Се верува дека тоа е рекорд и за целиот африкански континент.

Deutschland Großer Waldbrand bei Potsdam
Голем пожар предизвикан од жештините зафати делови од шумата кај Потсдам во близина на БерлинФотографија: picture-alliance/dpa/Polizei Brandenburg
Japan Hitzewelle
Рекордни температури во ЈапонијаФотографија: Reuters/Kyodo

Во САД, Калифорнија е особено погодена од жештини а највисоката температуриа од 48,9 степени беше измерена во Чино на западот на државата.