Задржани бегалци на пат кон Македонија
16 ноември 2017Десетици грчки полицајци во опрема за демонстрации со штитови во текот на вчерашниот ден ги истуркале мигрантите во близината на центарот на Солун и им го блокираа патот со полициски автобуси. Мигрантите, меѓу кои имало и семејства со мали деца, одбиле да се разотидат и седнале на улица. Никој не е повреден во кусото соочување од двете страни, по кој мигрантите беа спречени да се упатат кон границата со Македонија, за оттаму да го продолжат патот кон централна Европа.
Над 60.000 мигранти и бегалци кои прво стигнаа во Грција останаа блокирани во земјата. Некои земји ги засилија своите гранични премини да ги спречат илегалните мигранти, додека други одбија да ги примат според планот на ЕУ за нивно распределување во земјите од Унијата.
Грчките официјални претставници признаваат дека договорот меѓу ЕУ и Турција да се спречи обидот бегалците и мигрантите да стигнат до Европа го намали бројот на луѓе кои се обидуваат да тргнат на тој пат, но оти многу доцни спроведувањето на дел од договорот за враќање на оние кои веќе стигнале во Грција.