Гугл планира да развие бесплатен оперативен систем за мобилен телефон
21 ноември 2007За Гугл би било многу лесно да започне со продукција на мобилни телефони, по примерот на Епл. Но, тоа не би одговарало на стилот на Гугл, којшто главниот бизнис го гледа во интернет. Можеби уште посмела е најавата на Гугл дека на пазарот ќе донесе свој, бесплатен, отворен оперативен систем што базира на оперативниот систем линукс.
Системот го носи името „Андроид„ и зад него стои алианса од 30 партнерски претрпијатија од целиот свет. Иницијатор е Гугл, а меѓу партнерите се Т-Мобајл, Кина-Мобајл, Моторола, Самсунг и ЛГ.
Од „Андроид„ треба да профитираат сите, дури и конзументите
Мобилните оператори се надеваат на зголемен трансфер на податоци во нивните мрежи, бидејќи тоа носи профит. Андроид токму тоа и го ветува, значи не само обична телефонија, туку мобилно користење на интернет и неговите сервиси.
Експертите за мобилна телефонија веруваат дека телефоните со новниот оперативен систем ќе бидат многу поедноставни за користење. Причина е користењето на светски отворени стандарди, каде секој може да допринесе за подобрување на системот.
Уште една предност е тоа што се користи штедливиот систем Линукс
За неговото функционирање не е потребна многу скапа меморија како кај конкурентите: На пример Виндоус Мобајл на Мајкрософт бара 80 мегабајти, а пак на АјФоун на Епл му се потребни цели 500 мегабајти меморија.
Додека Мајкрософт молчи и се обидува да го игнорира Гугл, менаџерите на Симбиан се понервозни. Од 2000 година продадени се околу 145 милиони телефони со нивниот оперативен систем. Тоа значи дека три четвртини од сите телефони во светот работат со симбиан. Нокиа е еден од најголемите партнери, кој е исто така поседува голем дел од акциите на Симбиан. Според генералниот директор на Симбиан Гугл создава само уште еден линукс дериват а такви има веќе 10, 15, 20.
Но, во браншата во меѓувреме постои уште едно мислење: имено, се што ќе допре Гугл има голем потенцијал да се претвори во злато.