Гугл смее и натаму да дигитализира книги
15 ноември 2013Тужбата против Гугл ја поднесе американското здружение на автори Ауторс Гилд. Судот одлучи дека Гугл смее и натаму да овозможува пристап до дигитализираните книги на интернет. „Според мое мислење, Гугл Букс носи големи предности“, напиша судијата Дени Чин во образложението на пресудата. Гугл овозможува забрзување на напредокот во уметноста и науката, а истовремено ги зема предвид и правата на авторите и другите креативци, нагласува судијата.
Тој потенцира дека Гугл не смее да ги продава скенираните книги и не смее да овозможува нивно читање. Тоа што конценрот овозможува пребарување на книгите е во полза на научниците. Со можноста да се најдат одредени дела, се отвораат нови извори на приходи за авторите и издавачите, затоа што старите книги се штитат од заборав, констатира судијата.
Во образложението на својата одлука Чин се потпира на нормата „фер користење“ или „одмерена употреба“, која постои во американското право. Здружението на автори има намера да се жали на пресудата.
Гугл во 2004 година почна со скенирање на книгите во големите библиотеки и создавање можност делата да можат да се најдат преку интернет. Притоа, од книгите се прикажуваат само делови, не цели дела. Во меѓувреме, дигитализирани се повеќе од 20 милони трудови.