1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ се откажа од „дигиталниот данок“

СН/ агенции
12 март 2019

Државите на ЕУ се откажаа од плановите за воведување на данок на заработувачката на интернет на концерните како Гугл и Фејсбук. Предлогот пропадна поради отпорот од земји како Ирска, која е седиште на Фејсбук за Европа.

https://p.dw.com/p/3ErGV
Smartphone mit Apps von Google, Amazon und Facebook
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Jaitner

Романскиот министер за финансии Еуген Теодоровичи, чија земја претседава со Европската унија, денеска изјави дека земјите од ЕУ денеска се откажале од планираното воведување на таканаречениот „дигитален данок“ ширум Унијата поради спротиставувањето на поединечни држави.

Тој на денешниот состанок на министрите за финансии на ЕУ во Брисел истакна дека нема договор за данокот на приходите на дигиталните концерни остварени на интернет и покрај повеќемесечните преговори.

Brüssel Europäischer Rat | Eugen Teodorovici, Finanzminister Rumänien
Еуген ТеодоровичиФотографија: Getty Images/AFP/E. Dunand

Според Теодоровичи, министрите сега ќе ги фокусираат своите напори да се постигне единствен став за реформа на дигиталното оданочување на глобално ниво. 

Повеќе:

-ЕУ со рекордна казна за Гугл

-Фејсбук призна нов проблем со податоците

Според предлогот на Европската комисија од март минатата година, државите на ЕУ требаа да наплатуваат данок од три насто на приходите на дигиталните концерни како Гугл, Амазон и Епл, кои се цел на критики за избегнување на даноците, така што своите профити ги насочуваат во државите од ЕУ со ниски даночни стапки. Меѓу нив е и Ирска, каде се наоѓа седиштето на Фејсбук за Европа.

Еврокомесарот за економија, Пјер Московиси, како и бројни други министри, говореше за „пропуштена шанса“. Тој меѓутоа истакна дека ова не е крајот и оти дигиталниот данок не е мртов.