1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Гутереш во Буча и Бородјанка

ЕМФ | агенции
28 април 2022

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска (28.04) ги посети разурнатите украински градови Буча и Бородјанка.

https://p.dw.com/p/4AYfJ
Ukraine | Krieg | Antonio Guterres in Borodjanka
Фотографија: Sergei Supinsky/AFP/Getty Images

„Го замислувам моето семејство во една од овие куќи кои сега се уништени и црни. Ги гледам моите внуки како панично трчаат наоколу“, рече генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш во разурнатиот украински град Бородјанка и нагласи дека „нема шанси војната да биде прифатлива во 21 век“.

Во градот Буча, кој стана симбол на злосторствата извршени од почетокот на руската инвазија, Гутереш ја повика Русија да соработува со Меѓународниот кривичен суд (МКС) во истрагата за можни воени злосторства во Украина. „Целосно го поддржувам МКС и апелирам до Руската Федерација да прифати соработка со МКС“, рече тој.

Буча: Сè повеќе докази за злосторства врз цивилите

Според Гутереш, „војната е апсурд во 21-от век“.

Генералниот секретар на ОН попладнево треба да има средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба. Според ОН, Гутереш сака да разговара и со претставници на организациите на ОН.

Во вторникот (26.04), генералниот секретар на ОН се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров во Москва. Тој повика на брз прекин на огнот во Украина и апелираше до владите во Москва и Киев да соработуваат со ОН за отворање безбедни коридори за бегство за цивилите.