Гутереш: прагматичар кој верува во утопија и предупредува
30 мај 2019„Извонредно", рече Антонио Гутереш пред неколку седмици, „одлучија да не се откажуваат и да се справат со овој голем предизвик". Притоа мислеше на пацифичките островски држави кои ги посети за да стекне и самиот впечаток за веќе видливите последици од климатските промени. Откако Гутереш ја презеде должноста генерален секретар на ООН на почетокот на 2017 година од претходникот Бан Ки Мун, предизвиците со кои се соочува меѓународната заедница се зголемија. Но, Гутереш одлучи исто како и земјите од Пациикот, да не се откажува. За својата посветеност на борбата против климатските промени 70 годишниот Гутереш ја добива Карловата награда од градот Ахен, една од најважните во Европа со кои се наградуваат личности кои политички градат мостови.
Стратегот од Лисабон
Поглед на политичките успеси на Антонио де Оливеира Гутереш е доволен за да се создаде впечаток дека неговата родна Португалија станала премала за него, со оглед на можностите кои ги нуди глобализацијата и мултилатерализмот. Се смета за креатор на "Лисабонската стратегија", со која Европската унија сакаше да стане водечка светска економија во рок од десет години. Одлуката да се вклучи Грција во Еврозоната, договорот за слободната трговија со Мексико и санкциите против Австрија заради учеството на десничарската популистичка партија ФПА во владата, исто така се слулија за време на португалското претседателство со ЕУ во првиот дел од 2000тата година. на европската политичка сцена, на Гутереш очигледно му беше од помош што зборува шпански, француски и англиски покрај својот мајчин јазик. За време на шесте месеци кои ги помина како претседател на Европскиот совет, весникот Ноје Цирхер Цајтунг го нарече „прагматичен утопист" и Гутереш тоа остана и до денес.
Во времето кога беше премиер на Португалија, посебно важно му беше да постигне компромис и дијалог. Кога Социјалистичката партија не успеа да освои апсолутно мнозинство во 1995 година дипломираниот инжењер по електротехника формираше малцинска влада. Тој одржуваше добри контакти со сите останати парламентарни групи и беше популарен и надвор од рамките на својата политичка партија. За време на својот прв мандат беше соочен со лична загуба, смртта на првата сопруга Луиза Амелија. Гутереш повторно се ожени во 2001 година.
За време на вториот мандат на чело на малцинската влада беше изложен на поголем притисок заради нерамномерната распределба на европските фондови: голем дел од средствата се прелевал во престижни проекти како Европското фудбалско првенство во 2004 година додека инфраструктурата во земјата полека попушталарушењето на еден мост со повеќе од 70 мртви и лошите резултати на неговата Социјалистичка партија на локалните избори доведоа до падот на владата на Гутереш во декември 2001 година.
Комесар кој предупредува
Во тоа време Гутереш веќе имал остварено добри контакти на меѓународен план: го советуваше тогашниот генерален секретар на ООН Кофи Анан за социјални прашања во Бразил. Анан во 2005 година го доведе на едно од најважните места во ООН, кога го назначи за висок комесар за бегалци. Под диригентската палка на Гутереш УНХЦР дојде до буџет од 6,8 милијарди долари и повеќе од 9 илјади вработени во 123 земји во 2015 година. Но, и бегалските драми во разни делови од светот стануваа се поголеми, особено во Сирија. Во раната фаза, Гутереш ја критикуваше игнорантноста на богатите земји и неизвесната финансиска позиција на УНХЦР, што дополнително за влошило ситуацијата на сириските бегалци во околните држави. Во 2015 година кога голем број бегалци тргнаа кон Европа Гутереш во едно интервју се пожали на „хаотичната ситуација во која се наоѓа меѓународната заедница".
Повеќе:
-Антонио Гутереш, гласот на светот
-Гутереш: Сѐ што ни е важно, зависи од мирот
Но, Антонио Гутереш не е некој кој само се жали. Кога не го доби третиот мандат на местото шеф на УНХЦР во 2015 година и откако должноста ја предаде на италијанецот Филипо Гранди, се зборуваше дека има амбиции за највисоката функција во ООН. На почеток се сметаше дека нема шанси оти мнгумина сакаа жена да стане генерален секретар на ООН, по можност од источна Европа. На крајот на искусниот Португалец сепак му успеа да дојде до местото и тоа без ниту еден глас против на членките на Советот за безбедност со право на вето (САД, Кина, Русија, Франција, Велика Британија). Штета е што не стана жена генерален секретар, изјави поранешната шефица на Комесаријатот за заштита на климата Кристијана Фигерес и додаде дека „сепак Гутереш беше најдобриот кандидат во трката за позицијата."
Зрак на свежина во ОН
По десет години под раководство на Бан Ки Мун, многу дипломати се надеваа дека Гутереш од 2017 година ќе донесе свежина во УН. Неколку дена откако ја презеде функцијата во Њујорк, на 330 километри југозападно, во Вашингтон, Доналд Трамп положи заклетва како американски претседател. Тој покажа дека сака да влегува во конфронтација со ОН како и дека е подготвен да се закани со излез на САД од светската организација. Трамп се покажа и како упорен противник на мултилатерализмот, кој Гутереш пак одлучно го брани. Генералниот секретар на ОН до сега ставаше акцент на два меѓусебно поврзани проблеми – миграција и климатски промени. Успесите од првата половина на неговиот мандат беа договори за бегалците и миграцијата, кои во време на растечки национализам беа усвоени од огромно мнозинство на држави членки на ОН. Двата кодекса со нормативи имаат за цел подобрена соработка меѓу државите во тие области и не се правно обврзувачки.
Гутереш навремено укажа на катастрофалната ситуација со етничката група Рохинга, која од есента 2017 година е изложена на прогон во Мјанмар. Но тој долго време беше немоќен да го заштити ова муслиманско малцинство од насилство. Тој успеа да ги седне на иста маса и завојуваните страни во војната во Јемен. Но, и двете кризи се далеку од решени, исто како и многу други конфликти ширум светот. Во надлежност на Гутереш спаѓа и имплементација на развојните цели на ОН до 2030 година. Тој исто така сака да го реформира и начинот на кој функционира главното седиште на ОН. Дали на Португалецот ќе му успее сето ова да го оствари останува отворено.