1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД воведуваат „нокаутирачки“ санкции кон Иран

Матијас фон Хајн
5 ноември 2018

Вашингтон се погрижи за нова ескалација во конфликтот со Иран. Новите санкции се насочени кон извозот на нафта и финансискиот сектор. На Европа тешко и паѓа да преземање контрамерки.

https://p.dw.com/p/37fpT
Persischer Golf Ölplattform
Фотографија: Reuters/R. Homavandi

Кои санкции против Иран стапуваат на сила?

Американските санкции кои денеска, 5. ноември стапуваат на сила целат директно во срцето на економијата на Исламската Република Иран – извозот на енергија. Забранети се сите бизниси со нафта со ирански нафтени компании. Исто така се забранува и секаков вид на осигурување, вклучително и на транспорт на нафта. Покрај тоа и веќе воведените финансиски санкции ќе се затегнат: секаков вид на трансакции со Иранската централна банка, но и со други ирански банки се забранети. Американскиот претседател Доналд Трамп го оцени како „најтешките санкции на сите времиња". Извозот на нафта на Иран според волјата на американската влада треба да биде „нокаутиран“. Дури и ако тоа не успее, секое ограничување на извозот на нафта е голем удар: Околу 80% од државниот прилив на Иран потекнува од продажбата на нафта. Со оглед на тоа дека околу 60% од иранскиот буџет се влева во државните компании и институции, земјата е екстремно зависна од приходот од извозот на нафта.

повеќе: Вашингтон разлутен по правниот пораз во Хаг

Кои санкции се веќе во сила?

По унилатералното повлекување на САД од Заедничкиот план за акција или скратено ЈЦПОА, таканаречениот Атомски договор од 8. мај, САД им поставија на иранските партнери два рока до кои треба да ги прекинат бизнисите со оваа земја. Првиот рок од 60 дена истече на 6. август. Потоа американскиот долар беше забранет за Иран. Исто така клучните индустрии како иранската автомобилска индустрија или индустријата за производство на теписи, беа ставени под санкции. И продажбата на авиони или делови за авиони – која беше делумно забранета – доби целосна забрана. Вториот рок од 120 дена истекува денеска, 5. ноември.

Bildkombo - Trump und Rohani
Доналд Трамп на непопустлив курс кон Иран - иранскиот претседател Рохани обвинува за економска војна

Која е целта на санкциите?

Според американската влада „максималниот притисок" врз Иран има за цел да го промени однесувањето на земјата. Министерот за надворешни работи Мајк Помпео во неговиот говор на 21. мај претстави листа со 12 барања, која од американски аспект мора да биде исполнета за да прекинат санкциите. Иран, меѓу другото треба да се откаже од својата ракетна програма со која „ќе се стави крај на поддршката на терористичките групи на Средниот Исток, вклучително и на либанскиот Хезболах, Хамас и Палестинскиот исламски џихад." Земјата исто така треба да ги повлече и своите војници под нејзина команда во Сирија, како и да се демобилизираат шиитските милиции во Ирак. Пад на иранската влада официјално не е цел на санкциите. Но, изјавите на советникот за национална безбедност Џон Болтон или на адвокатот на Трамп и поранешен градоначалник на Њујорк, Рудолф Џулијани, укажуваат на тоа дека дестабилизација на Иран и промена на режимот во Техеран се мошне посакувани.

Како реагираат другите партнери на атомскиот договор?

Европските партнери, Германија, Франција и Англија, како и Кина и Русија го осудија потегот на САД. Тие сакаат и натаму да останат врзани на Атомскиот договор кој беше постигнат пред 12 години. Целта на договорот според нив се постигнува, односно со него се превенира опасноста Иран нуклеарно да се вооружа, како и регионот да се натпреварува на нуклеарно поле. Однесувањето на Иран никогаш не било дел од договорот. Иран исто така сака да опстои договорот. Но, само под услов да може да профитира од бенефициите ветени во самиот договор. Тоа во прв план е економската размена со земјата која до потпишувањето на договорот беше економски заслабена од голем број санкции.

Меѓународната атомска агенција за атомска енергија континуирано го потврдуваше исполнувањето на прописите од страна на Иран. За тоа да остане така и во иднина, партнерите во договорот се обидуваат и преку заобиколување на санкциите на САД да останат во трговска размена со Иран.

Дали ЕУ може да се одбрани од едностраните санкции од САД?

САД ја користат својата водечка улога на финансиските пазари и споредено со Иран, претераната атрактивност на американскиот пазар како средство за спроведување на нивните политички цели. Следствено на тоа, тешки се мерките кои Вашингтон ги презема против фактичката регулација за европските и меѓународните компании. Кон крајот на септември високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации најави формирање на специјална институција за следење на бизнисите со Иран, т.н. „Special Purpose Vehicels", или скратено СПВ. Институцијата треба да функционира како платформа каде ќе има меѓусебна размена на добра. Побарувањата од ирански и европски фирми ќе бидат порамнувани во рамки на клирингот во СПВ, како на пример испорака на нафта во замена за машини за текстил. Така на меѓународните пазари веќе нема да има видливи трансакции. СВП покрај европските ќе биде отворена и за соработка со други земји.

повеќе: ЕУ контра САД- заобиколување на санкциите кон Иран

Но, СВП засега не е во функција, ниту е јасно каде ќе биде седиштето на институцијата. Вообичаено има многу кандидати кога станува збор за барање седиште на некоја европска институција, но овој пат земјите се воздржани, веројатно од страв дека ќе го свртат Вашингтон против себе. Државниот секретар за надворешни работи на САД, Мајк Помпео, реагираше многу нервозно на најавата на Могерини. Рече дека бил „зачуден и длабоко разочаран”.

СПВ е „една од најконтроверзните регионални и глобални безбедносни мерки што можат да се замислат". Советникот за безбедност на Доналд Трамп, Џон Болтон, заканувачки додаде дека САД „нема да дозволат нашите санкции да бидат заобиколени од Европејците или некој друг".

Iranischer Rial und US Dollar
Иранската валута загуби драстично на вредностаФотографија: imago/Christian Ohde

Какво влијание имаа санкциите до сега ?

Иранската валута риал е во постојан пад и годинава има загубено над 70% од вредноста. Инфлацијата е галопирачка. Иранскиот извоз на енергија веќе падна за околу третина од својот врв во јуни. Во моментов зголемувањето на цените на енергијата, веќе се чуствува на бензинските станици, а исто така намалената понуда е поврзана со санкциите. По краткиот подем на меѓународните инвестиции, во Иран започна егзодус на странски компании.

И многу европски компании ја напуштија земјата, стравувајќи од загуба на за нив значајниот американски пазар. Францускиот енергетски концерн Тотал на 20. август го најави своето повлекување од проектот за гас тежок неколку милијарди долари. Германскиот производител на автомобили Дајмлер исто така се повлече од Иран, како и францускиот концерн ПСА и Ербас. Германско – иранската трговска размена по потпишувањето на Атомскиот договор, а со тоа и намалувањето на санкциите од 2017 година, порасна на 3,3 милијарди евра. Но, по воведувањето на мерките на САД, само во мај и јуни падна за 20%. Стравувајќи од американски казнени мерки, европските банки се екстремно воздржани при банкарски трансакции со Иран. Трансферот на пари во голема мера е во застој – што предизвикува проблеми за малите и средните претпријатија во Европа, кои радо би сакале да си ја продолжат соработката со Иран и не мора да стравуваат дека ќе бидат засегнати од никакви американски санкции.

И било каков увоз во Иран е многу отежнат. Дури и потребните лекарства се веќе при крај и може да се купат само по екстремно високи цени. Иран додуша има долгогодшно искуство со санкции и најави престројување во „економија на отпор". Политички, санкциите ги јакнат ултраконзервативните сили во Иран, кои во секој случај беа критички настроени кон приближување со Западот.

Повлекувањето на САД од Атомскиот договор и едностраното воведување на санкции исто така го продлабочија јазот меѓу Европа и САД. По ова важно меѓународно прашање Европејците сега се заедно со Кина и Русија против Вашингтон.