Дали се потценува „девојчето на Меркел"?
8 ноември 2018„Само мирно, само мирно", вели Анегрет Крамп-Каренбауер додека околу неа се собира група фотографи. Генералниот секретар на ЦДУ е во посета на Берлин. Порано таа била на истото место домаќин, вели поранешната премиерка на најмалата германска покраина, Сар. Таа годинава се повлече од функцијата за да стане генерален секретар на партијата.
Сега оди чекор понатаму и се кандидира за најмоќната партиска функција во земјата, претседател на ЦДУ, место кое 18 години беше во рацете на Меркел. Мирно и професионално го држи говорот со образложението за кандидатурата пред претставниците на медиумите.
Не е случајно што често ја опишуваат со прекарот „мала Меркел", двете политичарки се мошне блиски соработнички. Меркел ја номинираше за генерален секретар, место на кое и таа самата беше во 2000. година пред да стане претседател на партијата.
„Крајот на една ера"
Фокусирана на целта, но не многу возбудена, исто како и Меркел, од која Крамп- Каренбауер сега мора да се дистанцира, како што знае и самата. „Ова е крајот на една ера", соопштува таа на пресконференцијата во Берлин. Со Меркел ја поврзувале многу лични доживувања и таа ѝ била благодарна за многу нешта.
Сепак, „јас самата се залагам за својата кауза", изјавува таа полна самодоверба. „Сега треба да се почне ново поглавје", вели Крамп- Каренбауер, „во нов стил и со нови сили." Толку едноставно како што ѝ беше на Меркел, нема да ѝ биде на Крамп- Каренбауер, бидејќи кога Меркел беше избрана, ЦДУ беше во криза. Аферата за нелегални партиски донации ја втурнаа партијата во криза, а Меркел како генерален секретар немаше многу конкуренција. Крамп- Каренбауер пак мора да се докаже во одос на двајца најостри критичари на Меркел, поранешниот пратеник во Бундестагот Фридрих Мерц и актуелниот министер за здравство, Јенс Шпан.
ЦДУ во потрага по наследник на Меркел, СПД - по нови концепти
По Меркел, ЦДУ во очекување на Мерц
Мерц номиниран од округот Фулда
За многумина двајцата остри противници на Меркел важат за фаворити, но додека од двајцата машки кандидати само Мерц досега успеа да биде номиниран и тоа од округот Фулда, Крамп- Каренбауер веќе има поддршка од округот во Сар и од Унијата на жени на ЦДУ.
Крамп- Каренбауер ја потценуваат, но таа во интервју за авторите на нејзината биографска книга „Можам, сакам и ќе биде така” вели дека тоа само дополнително ја поттикнува и јасно става до знаење какви се нејзините амбиции. Мора повторно да се победува на избори, вели таа алудирајќи на катастрофалниот пораз во Хесен, кој ја наведе Меркел да се повлече од функцијата претседател на партијата. Крамп- Каренбауер дури и ја критикува Меркел и нејзината политика со големата коалиција.
„Нема расштимани тонови"
На партиското раководство му е потребно повеќе самодоверба спрема владата и тоа не смее сите одлуки едноставно без приговор да ги прифаќа. „Мора да ги промениме процесите." Затоа според неа не треба да има политика „која цели во празно", но досега во политичките теми речиси и да не се разликува од линијата на Меркел.
Во однос на миграциско- политичките прашања, таа предупреди да не се оспорува одлуката на Меркел во екот на бегалската криза во 2015. година - границите да се остават отворени- како што тоа го прави нејзиниот конкурент Јенс Шпан. „Доверба во однос на внатрешната безбедност не се добива со остри и виоки тонови" , вели таа. Една реченица којашто личи дека може да ја каже и Меркел.
Но, Крамп-Каренбауер исто така вели дека чувствува „опасно чувство на отуѓување" во Германија. Сепак, таа до денес нема понудено конкретни решенија. Додуша немаше и Меркел, која ја обнови партијата по повеќе од дваесет години под раководство Хелмут Кол.
И во ова двете жени се многу слични: Крамп - Каренбауер нагласува дека лично ја чуствува фрустрацијата во својата партија поради политиката во изминатите години. Таа мора да докаже дека е упорна, не само како шеф на партијата, туку и ако сака да оди уште еден чекор понапред - да стане канцелар.
На крајот на краиштата, издржливоста со која Меркел одржа повеќе од 100 самити на ЕУ, на пример се смета за нешто особено моќно и недостижно, не само во германската политика - барем досега.