Данска ќе убие 17 милиони животни поради коронавирусот
5 ноември 2020Здравствените власти во Данска пронајдоа траги од вирусот кај луѓето и кај куните кои покажуваат намалена чувствителност на антитела, поради што се намалува ефикасноста на идната вакцина, соопшти данската премиерка Мете Фредериксен.
„Имаме голема одговорност кон нашето население, но со мутацијата која беше откриена, имаме уште поголема одговорност и кон остатокот од светот, исто така“, изјави Фредериксен на прес-конференција.
Откритието, кое било споделено со Светската здравствена организација (СЗО) и со Европскиот центар за превенција и контрола на болести, било базирано врз лабораториски тестови во државниот Институт.
-повеќе на темата: Зоонози- колку се опасни?
Шефот на итните програми на СЗО, Мајк Рајан минатата недела повика на целосно научно истражување на комплексните состојби во кои луѓето ги заразуваат куните, а потоа тие ги резаразуваат луѓето со мутирана варијанта.
„Бевме информирани од Данска за бројни луѓе кои биле заразени од вирусот од визон, со некои генетски промени во вирусот“, соопшти СЗО.
Властите во Данска открија дека се откриени пет случаи на новиот подвид на вирусот на фарми за визони и 12 случаи кај луѓе. Се проценува дека во земјата има меѓу 15 и 17 милиони визони.
Појавата на коронавирусот на фармите за визони постојано се повторува иако властите од јуни годинава се обидуваат да ги убијат заразените животни.
Полицијата, армијата и резервните единици на Данска ќе бидат ангажирани во операцијата, рече Фредериксен.
-повеќе на темата: Кинеската традиција на јадење диви животни
Данскиот професор по ветеринарна медицина, Кристијан Зоне вели дека одлуката да се убијат животните е добра и ги повика својата земја, Кина и Полска целосно да го забранат одгледувањето на визоните.
Фармите за визони се особено распространети на северот на Данска.
„Најлошото сценарио е следната голема пандемија да започне токму од Данска“, вели директорот на државниот Институт за заразни болести Каре Молбак.
Изминативе месеци и Холандија и Шпанија одлучија да убијат неколку милиони визони во нивните земји, поради страв дека тие го шират коронавирусот.