Двојна дискриминација на Ромките
14 септември 2019Индира Бајрамовиќ го познава речиси секое ќоше во ромските населби околу Тузла. Таа со својата НВО „Подобра иднина“ повеќе од 20 години се бори за рамноправност и учество на жените Ромки во босанското општество и на лице место гледа уште колку многу уште треба да се направи.
„Мислам дека најголемиот проблем овде е невработеноста. Многумина се занимаваат со секундарни суровини, а има и луѓе кои не се во системот на здравствена заштита. Проблем им е и образованието, зашто луѓето се сиромашни и немаат доволно средства да ги школуваат децата.“
Освен тоа, проблем се и патријархалните структури во рамки на заедницата. Многу жени Ромки се угнетени, честопати и тепани. Повеќе од 50 проценти од нив имаат искуство со насилство, покажа студија на невладината организација.
Целта на работата на Индира е да им даде поддршка на запоставените жени.
Како го прави тоа, погледнете во видеото: