1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

„Див запад“ на пазарот на тестови за коронавирус

БГ /АП
18 април 2020

Тестовите за антитела, кои деновиве беа актуелни и во Македонија, се покажуваат како меч со две острици. И легитимни компании и лажни оператори ги продаваат тестовите. Разграничувањето меѓу нив може да биде предизвик.

https://p.dw.com/p/3aoT0
Berlin Doctor Offers Covid-19 Testing Deutschland
Фотографија: Getty Images/S. Gallup

Тестовите за крв за коронавирусот играат клучна улога во одлуката дали милиони Американци можат безбедно да се вратат на работа или училиште. Но здравствените власти предупредуваат дека актуелниот „Див запад“ на нерегулирани тестови создава конфузија која може да го забави патот кон опоравувањето.

Повеќе од 70 компании се пријавени за продажба на ткн. тестови за антитела последните недели, велат регулаторите во САД. Владите низ светот се надеваат дека брзите тестови, кои вообичаено користат само капки крв од прст, би можеле наскоро да помогнат да се подигнат ограничувањата преку идентификување на лицата кои го прележале вирусот и развиле имунитет. 

- повеќе: Брзото тестирање е најдобра заштита од коронавирус

Но остануваат неодговорени клучни прашања: Колку се прецизни тестовите, колкава заштита е потребна и колку долго ќе трае таа заштита.

Едноставна технологија

Тестовите за крв се различни од оние со кои се земаат брисеви од нос и уста со кои се дијагностицира Ковид-19. Првите трагаат по крвни протеини наречени антитела кои телото ги произведува во деновите и неделите откако ќе се избори со инфекцијата. Истиот пристап се користи и за ХИВ/СИДА, хепатитис, лупус и многу други болести.
Поради релативната едноставност на технологијата, американските власти одлучија да се откажат од првичниот преглед на тестовите како дел од итниот план за справувањето со коронавирусот. Во моментов, тестовите се најпогодни за истражувања на начините на кои вирусот се шири меѓу населението. 

- повеќе: Како имунолошкиот систем се бори против коронавирусот

Без контрола врз тестовите, „во моментов таму е див запад“, вели Ерик Бланк од Здружението на јавни здравствени лаборатории. „Тоа создаде хаос за кој ќе треба време да се расчисти“.
„Во меѓувреме, имаме многу компании кои рекламираат разни нешта и никој нема поим колку е тоа добро“, вели тој.

Минатата недела, комесарот на Агенцијата за храна и лекови Стивен Хан предупреди дека ќе се преземат мерки доколку производителите даваат лажни тврдења или продаваат неточни тестови. Во меѓувреме, во интервју за НБС, Хан изрази загриженоста дека тестовите кои се продаваат „можеби не се прецизни колку што би сакале“.

Лажна имуност

Опасноста од погрешни тестови, според Алисон Рејкман од њујоршката здравствена лабораторија, е што луѓето можат погрешно да заклучат дека се имуни и дека веќе не ја пренесуваат болеста.

Што го прави вирусот заразен?

За бројни инфекции, нивото на антителата над одредена граница покажува дека имунолошкиот систем на лицето успешно се изборил со вирусот и веројатно е заштитено од нова инфекција. За Ковид-19 се уште не е јасно кое ниво на антитела е потребно за еден пациент да се смета за имун, ниту колку долго ќе трае тој имунитет.
Особено проблематично е што и легитимни компании и лажни оператори ги продаваат тестовите. Разграничувањето меѓу нив може да биде предизвик.
Властите во градот Ларедо во Тексас минатиот месец добиле 2.500 тестови кои биле лажни. Кога била проверена прецизноста на тестовите се дошло до заклучок дека се далеку од она што било ветувано.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема