Дијаспората на протести против промена на името
4 март 2018Десетици илјади македонски иселеници протестираа во Австралија против промена на уставното име. Се протестираше во Мелбурн, Сиднеј и Перт. Во САД, иселениците протестираа во Вашингтон каде се бараше прекин на преговорите со Грција.
Демонстрантите во Австралија им порачаа на премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и на министерката за одбрана Радмила Шекеринска дека ќе бидат прогласени за „персона нон грата“ во Австралија доколку се промени името.
Повеќе на темата:
- „Патриотските“ организации отуѓија голем дел од иселениците
- Последниот бедем за името е дијаспората
Дел од учесниците на протестот ја запалија и сликата на Заев.
Протести за денеска се најавени и во Скопје, на плоштадот Македонија. Организаторите најавуваат вклучување преку видео-бимови со протестите на дијаспората од локации ширум светот.
Протестите се одржуваат под мотото „Нашето име е наше право“, а ги организира движењето „Ние сме Македонија”.