1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Долна Саксонија: Кочница за Меркел

ЖА
15 октомври 2017

Според првичните неофицијални резултати, во германската покраина победија социјалдемократите со 37,2 % пред ЦДУ со 34,9 %.

https://p.dw.com/p/2ls3I
SPD gewinnt Wahl in Niedersachsen
Фотографија: Getty Images/R.Hartmann

Социјалдемократите во германската покраина Долна Саксонија се јасни победници на парламентарните покраински избори. Според првичните неофицијални резултати, СПД предводена од покраинскит премиер Штефан Вајл (на насловната фотографија) освоила 36,9 проценти гласови, што е ззголемување за 4,8 насто. Но бидејќи покраинскиот коалиционен владин партнер, Зелените, забележаа осетна загуба на гласови, освојувајќи 8,6 проценти, нејасно е како ќе изгледа идната влада. ЦДУ освои 33,6 насто гласови. Либералите исто така имаат намален резултат - 7,5 проценти, а десничарската АфД успеа да обезбеди влез во покраинскиот парламент, но со резултат близу до цензусот - 6,2 насто. Левицата, исто како и на претхидните избори, не успеа да го премине прагот од пет проценти.