1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Доминација на „Игра на тронови“ на Еми наградите

БГ19 септември 2016

Серијата „Игра на тронови“ собра 12 Еми награди од вкупно 23 номинации. Втора година по ред и комедијата „Белата куќа“ беше избрана за најдобра во својата категорија. Џулија Луис Драјфус ја освои петта Еми статуетка.

https://p.dw.com/p/1K4gN
Фотографија: Getty Images/K. Winter

И годинешните Еми награди минаа во знакот на фантастичната серија „Игра на тронови“ која и официјално е најуспешната на сите времиња. Во шест сезони емитување, серијата досега освои 38 Еми награди. Досегашен рекордер беше комедијата „Фрејзер“ со 37 награди.
На 68 Еми награди добро мина и серијата „Народот против О Џеј Симпсон“. Екранизацијата на судењето на познатиот спортист собра пет награди, меѓу другите и за најдобра машка и женска улога.

Џулија Луис Драјфус ја освои и петтта Еми награда, овојпат за главната улога во комедијата „Белата куќа“.

Доминација на „Игра на тронови“ на Еми наградите