1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Доњецк-една година по „референдумот“

К.Оганесјан/Р.Гончаренко/сн12 мај 2015

Пред една година жителите на Доњецк и Луганск одржаа референдум со кој се отцепија од Украина. Поддршката за сепаратистите денес изгледа дека е значително поголема отколку што беше тогаш.

https://p.dw.com/p/1FOcj
Фотографија: reuters

„Ден на Републиката“ стои на гигантските плакати. Под овој натпис е датумот 11 мај, а потоа црно-сино-црвеното знаме со двоглавиот орел. Така во Доњецк вчера беше прославено воспоставувањето на државата. На улиците се слушаше музика, одржани беа и демонстрации. Според зборовите на организаторите на улиците излегоа 30 илјади луѓе. Меѓу нив беше и Олга, учителка по занимање: „Ни беше речено дека мораме да излезема на улиците ама во суштина никој нема ништо против тоа„. Новите властодржшци ги исплатија заостанатите плати. „Сите наставници се задоволни“, вели таа.

Русија не ја исклучува можноста за признавање

Жителите на источноукраинските региони Доњецк и Луганск пред една година гласаа за отцепување. Т.н „референдум“ го организирааа вооружените проруски сепаратисти, кои неколку месеци претходно ја презедоа власта. Тие тврдат дека 90 насто од населението ја поддржало „самостојноста на државата“. Гласањето беше нелегално, бидејжи законите во Украина не предвидуваат оддржување на локални референдуми. Постојат сомневања и во самиот исход на гласањето бидејќи немаше независни набљудувачи на целиот процес.

Kundgebung der Befürworter der Donezker Volksrepublik
Фотографија: DW/I. Kuprianova

Само еден ден подоцна овие два региона прогласија независност и основаа „Народни Републики“. На нивно чело се најдоа активисти од Москва, како „премиерот“ Александар Бородај. „Народните Републики“ не ги признаа ни Украина ниту Русија. Москва меѓутоа не ја исклучува можноста да го стори тоа. „Ќе ја следиме реалноста на состојбата на теренот“, изјави рускиот претседател Владимир Путин пред неколку недели.

Префрлувања на сметка на Киев

Пред кризата во двата региона живеаја седум милиони луѓе. Според различни проценки, денес таму ги има двојно помалку. Милиони избегаа во насока на внатрешноста на Украина или на Русија. Останаа главно симпатизерите на сепаратистите и оние кои немаа пари да отпатуваат.

Тешко е да се процени какво е денес расположението меѓу оние кои останаа. Многумина од страв не сакаат да го кажат своето име ниту пак упатуваат критики на сметка на новите властодржци. Тетјана од Доњецк признава дека пред една година излегла на референдумот и гласала за независност. Денес вели дека била за поголем степен на автономија но не и за отцепување. Оваа 50-годишна жена за војната и бројните загинати ја обвинува украинската влада. Киев не сакал на Доњецк да му одобри автономија. Таа е задоволна со сегашната состојба.

Ukraine Symbolbild Donezker Volksrepublik
Фотографија: DW/I. Kuprianova

Еден бизнисмен кој сакаше да остане анонимен, разочаран е од „Народната Република Доњецк“ „Излегов на референдумот бидејќи се надевав на подобрувања. Испадна поинаку: војна и нови властодржци со автоматски пушки во рацете“, вели тој. Насекаде владејат сиромаштија и невработеност, гласи неговиот биланс.

Поддршката на сепаратистите двојно се зголеми

Украинската влада речиси и да нема увид во состојбата на подрачјата под контрола на сепаратистите, наведува Володомир Паниото, директор на киевскиот Институт за социологија (КМИС). Неговиот институт во март спроведе истражување на двете страни од линијата на фронтот. Во делот на источна Украина под контрола на владата во Киев само осум насто од испитаниците се изјасниле за отцепување од Украина. Во веќе нелегално отцепените региони, наспроти тоа, идејата ја поддржале 42 насто од испитаниците. Тоа е двојно повеќе отколку во минатата година.

Во секој случај во двете „Народни Републики“, многинството луѓе се за опстанок во Украина. Се смета дека и мнозинството од еден милион бегалци кои од тие региони пребегаа во внтарешноста на Украина се против отцепување. Свитлана Закревскаја се вбројува меѓу нив. Таа во рамките на невладината организација „Алијанса“ се грижи за бегалците. Потекнува од Доњецк а денес живее во Киев.

Ukraine Svetlana Zakrevskaya
Свитлана Закревскаја од невладината организација „Алијанса“Фотографија: DW/I. Kuprianova

Живот од денес за утре

„Оние кои мораа да го напуштата Доњецк и кои со срце и душа се за Украина сакаат илегалните сили да го напуштат Доњецк и да се вратат дома“, вели таа. Закревскаја верува дека украинските политичари можеле да ги запрат сепаратистите во минатата година. „Тие мораа да одат од кужа до куќа и на сите од ред да им пружат рака“, вели Свитлана: „Меѓутоа беа преокупирани со распределбата на функциите“.

„Референдумите“ на истокот на Украина беа одржани две недели спроти вонредните претседателски избори. Свитлана денес не се осмелува да размислува за натамошната иднина, исто како и Олга, учителката од Доњецк. Свитлана не знае кога и дали воопшто ќе заврши војната. Таа живее од денес за утре.