1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Дури и најмал стрес е ризик за здравјето

Лариса Мари Варнек
11 август 2018

Дали знаете дека дури и најмал стрес може да го зголеми вашиот ризик од хронично заболување? Или дека здраво срце ги прави „среќни“ вашите стомачни бактерии

https://p.dw.com/p/32Cbt
Symbolbild Mann & Erschöpfung
Фотографија: Colourbox

Познато е дека анксиозност, стрес и депресија може многу да влијаат врз психичкото здравје на човекот. Но, научниците на Универзитетот во Саутемптон и на Универзитетот во Едингбург во Англија открија дека дури и најмал или умерен стрес може да влијае врз нашето здравје на долг рок. Во период од три години, истражувачите собирале податоци за здравјето на повеќе од 16.000 лица и ја проучувале поврзаноста помеѓу психолошкиот стрес и развојот на хронични болести, како што се кардиоваскуларни болести, артритис и дијабетес.

Резултатите покажуваат дека луѓето кои доживеале низок степен на стрест, имале 57 отсто поголема веројатност да развијат артритис и 46 отсто поголем ризик за развој на кардиоваскуларни проблеми.

Луѓето, кои доживеале умерен степен на стрес, имале 72 отсто поголеми шанси да развијат артритис и имале 77 отсто зголемен ризик од развој на кардиоваскуларни болести.

Овие резултати покажуваат дека дури и мала психолошка болка треба да се сфати сериозно. Дома, луѓето можат да користат умствени вежби, како што се медитација, јога или пилатес за да го намалат нивото на стрес и да ја подобрат нивната физичка и ментална благосостојба.

Zimt
Користете повеќе циметФотографија: Colourbox/Haivoronska_Y

Цимет – природен антибиотик

Отпорност на антибиотици станува се поголем глобален проблем. За да му се спротистават, научниците постојано бараат негови алтернативи. Една од нив може да биде цимет, вели последната студија на истражувачите од Технолошкиот универзитет Свиборн во Австралија.

Истражувачите се фокусираа на цинамалдехид (ЦАД), составен дел од маслото од цимет, кое му го дава на циметот неговиот специјален мирис и вкус. Тие анализирале дали ЦАД може да ги растури т.н. биофилмови. Биофилмовите се составени од комплексни структури на бактерии, кои често предизвикуваат постојани инфекции, отпорни се на антибиотици и може да резултираат со болест.

Повеќе: 

Дали сме зависни од стрес?

Здравје: Подобро телелекар отколку д-р Гугл

Студијата покажа: ЦАД делува како природен антибиотик со тоа што ги растура биофилмовите и тоа е потврдено кај 75,6 проценти од испитаните случаи. Исто така, се чини дека ЦАД спречува ширење на бактериите и формирање на нови биофилмови.

Symbolbild: Sport im Sommer
Физичката активност значи здравјеФотографија: Colourbox

Здраво срце – „среќен“ стомак

Сѐ повеќе научници се фокусираат на врската меѓу добрите бактерии и нашето здравје. Денес ни е познато дека микроорганизмите кои жиеат во нашиот стомак може да влијаат врз ризикот од хронични заболувања, менталното здравје и нашата благосостојба. Со други зборови секој треба да се осигура дека сопствените микроорганизми се „среќни“ и избалансирани.

Сѐ повеќе истражувања се фокусираат на врската помеѓу човековите цревни бактерии и нашето здравје. Денес знаеме дека микроорганизмите што живеат во нашиот стомак може да влијаат врз ризикот од хронични заболувања, менталното здравје и нашата целокупна благосостојба. На кратко, секој човек треба да се осигура дека микроорганизмите во сопственото тело ќе бидат „среќни“ и здрави.

Една студија на истражувачите од Државниот универзитет во Сан Франциско во Калифорнија покажа дека одржувањето на здраво срце со помош на физички вежби може да го зголеми бројот на „добри" стомачни бактерии.

Истражувачите го проучувале односот на бактериите Firmicutes со Bacteriodetes. Анализа на нивниот сооднос е стандардна мерка што се користи за проучување на здравјето на стомакот. Нерамнотежа е поврзана со разни болести.

Истражувачите откриле дека луѓето, кои редовно вежбаат и практикуваат кардиоваскуларен фитнес, исто така имале повисок процент на „добри" бактерии Firmicutes и Bacteriodetes. И оваа студија потврдува дека физичка активност и вежбање е најдобриот лек и може да го подобри здравјето на стомакот и целокупната благосостојба.