1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Духот на карневалот во „Република“ Вевчани

БГ
13 јануари 2017

Вевчанци денеска и утре повторно ќе го прослават доаѓањето на Новата година според стариот календар со традиционалниот карневал. Дефилето започнува попладнево, а ние потсетуваме на маските од минатите години

https://p.dw.com/p/2Vkfo
Mazedonien Karneval in Vevcani 2016
Фотографија: DW/M. Jovanovski

Илјадници маски ќе продефилираат и годинава низ Вевчани. Спојот од пагански обичаи и актуелни општествени теми ќе бидат доживување и за бројните гости кои се очекуваат од земјата и од странство. Според официјалната страница на општината, постојат три традиционални маски: „зет и невеста“, „Глупи Август“ и музичари. Манифестацијата ќе трае два дена и освен карневалот, ќе има и повеќе концерти и неброени „мрсни“ шеги.