Еден милион евра германска помош
26 август 2015Со оглед на драматичната ситуација со бегалците кои транзитираат низ Западниот Балкан, министерството за надворешни работи на Германија краткорочно става на располагање еден милион евра за хуманитарни цели.
Министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер изјави:
„Не можеме да седиме со скрстени раце кога во соседните држави на Европската Унија има бегалци кои се наоѓаат во многу тешка ситуација, барајќи заштита. Важно е сега на лице место да се поддржат владите во нивната одговорност и да им се помогне на бегалците на најбрз и најефикасен начин.
За таа цел и како прва итна мерка ставаме на располагање 1 милион евра за згрижувањето на бегалците во државите на Западниот Балкан. Мора да делуваме брзо и да покажеме: Европската Унија и во тешки времиња се залага за своите вредности, не ги оставаме нашите соседи сами. Тука спаѓа и фер распоредување на бегалците внатре во Европската Унија, како што сме го предложиле тоа во нашиот план за европската политика со беглаци, кој се состои од 10 точки.“
Во рамките на оваа хуманитарна итна мерка во Македонија на почетокот ќе се поддржат проекти на германскиот Црвен Крст со 200.000 евра. Фокусот на мерката за помош е згрижувањето на бегалците со храна, медицински и психолошки третман како и хигиенски артикли, ќебиња и вреќи за спиење.