Електромобили и за обичниот народ
17 мај 2016Илон Маск пристиска на педалот за гас. Поради големата побарувачка на неговиот „Модел 3“, тој има намера да го зголеми прилично производството на неговите електромобили. Целта е амбициозна.
Зашто, во текот на минатата година „Тесла“ успеа од фабричка лента да извади само 50 илјади електромобили. Во 2018 година би требало да бидат произведени 500 илјади возила „Модел 3“. Во 2020 година пак, тој број би требало да биде еден милион.
Овде погледнете го видеото:
Екстравагантниот менаџер го „крена“ производителот на електромобили за само неколку години. Сега сака со својот нов модел да стигне до широките народни маси.
Новиот „Tесла“ автомобил чини околу 30 илјади евра и е значително поевтин од досегашните модели. Но, многумина аналитичари се скептични. За проширување на производството на Маск му се потребни повеќе милијарди евра. Досега претпријатието беше „во црвено“.
И, сите досегашни модели на „Тесла“ имааа тешкотии за остварување на производствените цели. Дури и за големите концерни вакво количество би претставувало голем предизвик, опоменуваат набљудувачите.