ЕМА: Нема ограничувања за АстраЗенека
7 април 2021Можно е да има поврзаност помеѓу вакцината АстраЗенека и згрутчувањето на крвта кај многу мал број од вакцинираните лица, соопшти попладнево Европската агенција за лекови (ЕМА) во Амстердам. Тие тромбози се јавуваат пред сѐ кај жени на возраст под 60 години, и тоа во временски период до две недели по вакцинирањето. Специфични фактори на ризик, според досегашните сознанија, не се потврдени.
Повеќе:
Различни оценки за потенцијалната опасност од АстраЗенека
Претставник на ЕМА: Поврзаност на АстраЗенека и згрутчувањето на крвта
Ковид-вакцини: Јојо со АстраЗенека и некои позитивни новости
Сепак, и покрај ретките случаи на тромбоза, ЕМА не дава ограничување на употребата на вакцината. Ползата од вакцината е поголема од ризиците, објаснува Европската агенција за лекови. Згрутчувањето на крвта би требало да се наведе во упатството за вакцината како ретка нуспојава.