1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Ескалира риболовниот спор во Ламанш

СН/агенции
28 октомври 2021

По Брегзит се разгорува еден стар соседски спор: каде им е дозволено на британските и на француските рибари да ја вршат својата работа? Париз се жали дека Лондон дава премалку лиценци - и сега ги најави и првите санкции.

https://p.dw.com/p/42HZx
Француски рибарски бродови во мај го блокираа пристаништето Сент Хелијер на Џерси, британски остров во Ламанш како протест оради недобивањето на лиценци за риболов во британските води
Француски рибарски бродови во мај го блокираа пристаништето Сент Хелијер на Џерси, британски остров во Ламанш како протест оради недобивањето на лиценци за риболов во британските водиФотографија: Oliver Pinel/AP Photo/picture alliance

Франција им упатила предупредување на британски бродови кои рибареле во водите во близината на пристаништето во Авр, соопшти денеска француските власти додека расте напрегнатоста меѓу соседните земји околу договорот во врска со риболовот по Брегзит.

Француското министерство за поморство соопшти дека за време на ноќта објавило предупредување до два брода, од кој еден бил пренасочен во франциското пристаниште. На капетанот на бродот му се заканува судска постапка и одземање на уловот.

 

Франција соопшти оти на нејзините рибари им недостасуваат половина од дозволите потребни за риболов во британските води, за кои Париз вели дека Лондон им ги должи по излегувањето од ЕУ.

Бројни француски рибарски бродови принудени да останат во пристаништата
Бројни француски рибарски бродови принудени да останат во пристаништатаФотографија: Bernd Riegert/DW

Повеќе: Хаос и бирократија - Британците дури сега сфаќаат што значи Брегзит

Вчера Франција објави попис на санкции кои би можеле да стапат на сила од 2 ноември ако нема потребен напредок во риболовниот спор со Велика Британија, велејќи оти се работи на втор круг кој би можел да влијае на снабдувањето со електрична енергија на нејзиниот сосед.

Франција би можела да ги засили граничните и санитарните проверки на стока од Велика Британија, ускратувајќи им на нејзините рибарски бродови пристап до одредени пристаништа и да ги засили проверките на камионите кои возат меѓу двете земји, се наведува во заедничкото соопштение на министерствата за помоморство и за европски прашања.