1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто евроскептиците се толку популарни?

25 мај 2019

Европските избори кои се во тек кај многумина будат страв од конечниот исход и од натамошно јакнење на евроскептиците. Зошто евроскептицизмот е во подем и со кои се' трикови се служат десничарите за да дојдат до гласови?

https://p.dw.com/p/3Iznq
Symbolbild Flagge EU Erosion
Фотографија: Imago/R. Peters

Во речиси сите членки на Европска унија евроскептицизмот е во пораст! Етаблираните партии ја губат поддршката од граѓаните, зајакнуваат новосоздадени националистички сили.

АфД, Национален собир - поранешен Национален фронт,Слободарската партија на Австрија,италијанската Лега, полската Право и Правда (ПиС) или унгарскиот Фидес- сите тие одбиваат да ја прифатат ЕУ во нејзината денешна форма. Зошто е тоа така?

Погледнете во новото Еуропео:

Зошто евроскептиците се толку популарни?

Една од главните причини, секако, е бегалската криза, односно начинот на кој популистичките десничари ја инструментализираа. Брисел до денес не успеа да заземе единствен став по прашањето за бегалците. Тоа отвори простор за политички манипулации.

Национализмот во ЕУ-членките расте, довербата во политичарите опаѓа. Во Германија во 2016 година само 18% од граѓаните беа националистички ориентирани. Во 2018. тоа беше речиси секој трет Германец. На истокот од земјата, дури, речиси секој втор.

Згора на сето тоа: 82% од младите во Европа немаат никаква доверба во политичарите. Судејќи според сѐ, во новиот состав на ЕП би можело да има многу повеќе десничари отколку што се мисли.