Жена зад волан- историски настан за Саудиска Арабија
25 јуни 2018Во ноќта кон 24 јуни, жените во Саудиска Арабија седнаа зад воланите на автомобилите и ги „преплавија“ улиците за да го прослават историскиот настан- укинувањето на забраната за возење автомобили.
Саудиските жени за првпат без страв од казна седнаа зад волан. Ова стана можно во ноќта на 24 јуни. Саудиска Арабија, имено, беше последна земја во светот, каде што на жените им беше забрането да возат автомобил. Низ целата земја жените го прославија укинувањето на забраната. Таа беше во сила од 1950 година.
Некои Саудијки веќе имаат добиено и возачка дозвола. „Искрено кажано, ова е историски ден, тоа беше нашиот сон, и се оствари!“, вели една пресреќна Саудијка зад воланот.
Повеќе:
-Саудиска Арабија: Поделени првите возачки дозволи на жени
-Фотографија на денот: Жените во Саудиска Арабија првпат на стадион
Во 90-тите години од минатиот век на активистките, кои се бореа за тоа, им се закануваа со одмазда и казни. До целосна рамноправност во општеството е се' уште далеку. Во Саудиска Арабија и денес сите приватни и правни работи на жените ги контролираат мажи.
Сепак, има напредок: Во јануари годинава, на жените, исто така, им беше дозволено да одат на стадиони.