1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Женева: Втора рунда преговори за кризата во Сирија

СН/ат/дпа/миа/еп/афп10 февруари 2014

Во Женева денеска продолжуваат преговорите за ставање крај на граѓанската војна во Сирија меѓу претставниците на владата и на опозицијата. Претставникот на ОН за Сирија, Лакдар Брахими не очекува брз успех.

https://p.dw.com/p/1B61V
Фотографија: cc-by-nc-nd/UN Photo/Jean-Marc Ferré

Нова, втора рунда од мировните преговори меѓу претставниците на сириската Влада и опозиција треба денеска да започне во Женева.

Првиот круг од преговорите, кој траеше осум дена, заврши на 31. јануари без прецизен договор, додека двете страни „тргуваа со тешки зборови“, иако претставникот на ОН во мировните преговори Лахдар Брахими оцени дека „е постигнат некаков заеднички именител“.

Официјалната делегација на сириската Влада допатува во Женева, а пристигнува и делегацијата на Националната коалиција на опозициските и револуционерни сили на Сирија.

Составот на делегациите во вториот преговарачки круг не е променет. Владината делегација за предводи шефот на сириската дипломатија Валид Муалем, додека лидер на опозициската е Ахмед ал-Џарба. Преговарачи се и Башар Џафари и членот на раководствто на опозициската коалиција Хади ал Бахра.

По неуспешниот крај на првата рунда преговори, во меѓувреме дојде до првите спогодби меѓу бунтовниците и владата. Така од историскиот центар на градот Хомс кој е под опсада речиси година и половина за првпат на сигурно беа изнесени стотици цивили. Покрај тоа Обединетите нации доставија итно неопходна помош во градот.Специјалниот пратеник на ОН за Сирија сепак предупреди од преголем оптимизам во однос на втората рунда преговори во Женева истакнувајќи дека тој не смета на брз успех.