Женева-Започнува конференција за ирачките бегалци
17 април 2007Реклама
Денеска во седиштето на ОН во Женева започнува дводневна меѓународна конференција за помош на ирачките бегалци. Агенцијата за помош на бегалците на ОН на конференцијата покани 450 учесници од 60 земји. Секој месец инаку поради насилството во Ирак од земјата бегаат речиси 50 илјади луѓе. Околу 2 милиони лица се раселени во рамките на Ирак додека уште најмалку толу живеат во бегалство во Јордан и во Сирија.