Жртви во невремето во Словенија
19 септември 2007Реклама
Три лица ги загубија животите во поплавите и лизгањето на земјиштето на северот од Словенија, предизвикани од невремето со силни дождови. Уште четири лица се водат како исчезнати, а тие се од градот Железник кој е најпогоден од невремето. Поплавените подрачја ги посети и премиерот Јанез Јанша.