1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Забите на Хитлер го разбија митот дека преживеал

Џеферсон Чејс
22 мај 2018

Испитувањето на остатоците од забите на нацистичкиот диктатор ги разбија сите сомнежи дека Хитлер навистина умрел во 1945 година.Приказната за неговите заби открива и многу нови моменти за пропагандата во Студената војна

https://p.dw.com/p/2y5nL
Lächelnder Hitler
Фотографија: Getty Images/AFP

Адолф Хитлер имал многу лоши заби. Тоа беше познато и досега, но она што е ново е дека е пронајден и крунскиот доказ за самоубиството на Хитлер на 30 април 1945 година. Тим од француски патолози неодамна добија дозвола да испитаат неколку заби чувани со децении во Москва, а кои биле ископани во Берлин на почетокот на мај 1945 година. Тоа е првпат руските власти да дозволат било кому да ги испита остатоците. А заклучоците на научниците, објавени минатата недела, се недвосмислени.
„Забите се автентични- нема никаков сомнеж“, изјави патологот Филип Шарлие за агенцијата АФП. „Нашето истражување потврди дека Хитлер умрел во 1945 година“.
Научниците добиле дозвола да испитаат и остатоци од черепот на Хитлер за да се потврди начинот на кој го извршил самоубиството. Забите одговараат на описот кој го дал стоматологот на Хитлер и на нив не биле откриени траги од месо- на линија со фактот дека Фирерот бил вегетаријанец. 

Остатоци од забите на Хитлер: 


Новите откритија треба, но најверојатно нема, да им стават крај на шпекулациите дека нацистичкиот лидер некако успеал да избега од уништувањето во последните денови на Втората светска војна.
„Не можеме да ги сопреме сите конспиративни теории за Хитлер“, вели Шарлие. „Тој не побегнал во Аргентина со подморница, не е во скриена база во Антарктикот, ниту пак на темната страна на Месечината“.
Најголемиот број историчари веруваат дека Хитлер починал така како што е познато: во заедничко самоубиство во неговиот бункер.

-повеќе на темата: Германија и нацистичкото минато: А Хитлер како побегна во Аргентина? 

Идентификување на телото

Советските сили кои го освоија Берлин, дури на 5 мај откриваат изгорено тело во кратер од бомба и го идентификуваат дека се работи за Хитлер.
„Хитлер имал толку лоши- уникатно лоши- заби, што тие биле доволни за да се идентификува неговото тело“, вели форензичарот Марк Бенеке. Според него, гниењето на забите и заболувањето на неговите непца најверојатно биле причината што фирерот имал многу лош здив. 
Советите ги споредиле забите од трупот со описот кој им го дала забната техничарка Кате Хојзерман, а личниот стоматолог на Хитлер, Хуго Блашке подоцна ќе им го потврди истото и на сојузниците. 
„Неговите заби биле во толку лоша состојба што неговите стоматолози биле постојано со него во бункерот“, вели Љубов Сум, внука на преведувачката на Хојзерман, Елена Ржевскаја.
Забите на Хитлер до Москва ги пренесувала токму Ржевскаја затоа што, како што вели таа, надлежните се плашеле дека некој до војниците би можел да се напие и да ги загуби. Но, иако Советите со сигурност знаеле дека Хитлер е мртов, Сталин наредил да не се објавува веста, со цел да се шири несигурност и да може да ги обвинува западните сојузници дека тајно му помогнале на Хитлер да побегне.
„Тоа беше измамничка пародија, чуден обид да се прикрие фактот дека телото е најдено“, напиша Ржевскаја во своите мемоари, објавени на руски во 1965, но преведени на англиски дури во март годинава. „Хитлер повеќе не беше симбол на војната, тој стана симбол на видот на мир кој ќе следува“.
Советите ја нарекувале кампањата за дезинформации „Операција мит“. 

Deutschland 1945 Berlin
Берлин бил целосно разрушен на крајот на Втората светска војнаФотографија: picture-alliance/Judaica-Sammlung Richter

Продаден „мобилниот“ телефон од Хитлер

-повеќе на темата: Изложба на реплика од бункерот на Хитлер во Берлин


„Стратегијата на Сталин, очигледно беше да го поврзе Западот со нацизмот со лагата дека Британците или Американците веројатно го кријат Хитлер“, пишува историчарот Ентони Бивор во својата книга „Берлин/ Падот 1945“.

Тажната судбина на Хојзерман

Иако фикцијата била апсурдна, реалноста станала трагична. Ржевскаја, која подоцна станала писателка, морала да чека години по смртта на Сталин за да ја раскаже приказната. А судбината на Хојзерман е уште потрагична.
Во рамките на кампањата на Сталин да се сокрие вистината, Хојзерман била одведена во СССР и осудена на 10 години во гулаг, од кои шест во самица, поради помагање во лечењето на забите на Хитлер.
„И рекле дека, помагајќи да се поправат забите на Хитлер, таа придонела за продолжување на војната, и дека требало да го удри по глава со шише“, изјави Сум за Тајмс оф Израел.
Тоа било горка иронија, затоа што според Ржевскаја, Хојзерман воопшто не била нацист, и за цело време на војната во својот дом криела еден еврејски стоматолог и еден поранешен нејзин вработен. Хојзерман почина во Диселдорф во 1995 година.

Deutschland Berlin - Eröffnung der Ausstellung "Dokumentation Führerbunker" - Modell des Führerbunkers
Хитлер воопшто не го напуштал својот бункер во последните денови од војнатаФотографија: DW/P. Kouparanis