1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

„Забранети квартови“ во Германија-мит или реалност?

Среќко Матиќ | Сања Благојевиќ
27 април 2018

Во Германија има квартови во кои полицијата и граѓаните не се осмелуваат да влезат – очигледно од страв од криминалци, изјави неодамна канцеларката Ангела Меркел. Постојат ли навистина таканаречени „забранети зони“?

https://p.dw.com/p/2wla4
Deutschland Müll Kinder in Kreuzberg
Фотографија: picture-alliance/dpa/W. Steinberg

Во Германија се води контроверзна дискусија околу квартовите во кои наводно владее беззаконие. Дали Германија навистина стана несигурна? Што се воопшто „забранети зони“? Под поимот „забранети зони“, или на англиски No-Go-Area, се подразбираат подрачја во кои државата на граѓаните веќе не може да им гарантира јавна безбедност

Според таквото толкување, криминалните банди и насилниците практично контролираат улици и цели квартови, и граѓаните во нив не се чувствуваат безбедно. Во градови како Берлин, Диселдорф или Дортмунд навистина постојат квартови во кои главно доминираат кланови од подземјето. Обичните граѓани ги заобиколуваат

Но полицијата демантира дека во нив владее беззаконие На професорот по социологија на Универзитетот во Бон, Јерг Бласиус  му го поставивме прашањето – дали Германците се чувствуваат несигурно и каква улога во сето тоа игра засиленото доселување странци?

#DE_facto: „Забранети зони“ во Германија?

„Што се однесува до самото чувство на сигурност, сликата е малку искривена поради медиумското известување. Во последнио време многу се пишува за криминални странци и така се стекнува впечаток дека се работи за висока стапка на криминал меѓу доселениците. Што се однесува до конкретни бројки, тоа и не е баш така. Кога ќе се направи споредба меѓу исти групи, значи кога ќе споредиме Германци и доселеници во иста старосна група, ист пол, ист степен на образование, тогаш стапката на криминал меѓу странците не е поголема, дури и кога тие доаѓат од далечни, исламски земји. Овде се работи за перцепцијата на криминалот. Тоа со бројките нема никаква врска. Но, едно сепак мора да се признае: се разбира дека во земјата не можете да имате милиони странци од кои ниту еден не е криминалец. Тоа е невозможно“, вели Бласуис.

Германската полиција призна дека големи проблеми ѝ создаваат криминални кланови од Либан, Бугарија или Романија.  Станува збор за трговија со дрога, рекетирање, проституција.  Како на тоа реагира правната држава?

Во Северна Рајна Вестфалија е зголемен бројот на полицајци во „забранетите зони“.  Во проблематичните квартови почесто се прават рутински контроли, а ригорзно се казнуваат дури и најситните прекршоци. Освен тоа, зачестија големите рации против организираниот криминал

Засега не постои единствена дефиниција за „забранети зони“. За едни, тоа се квартови во кои владее беззаконие, а за други – квартови кои е најдобро да се избегнуваат. Но, во Германија очигледно сѐ уште нема подрачја кои целно ги избегнува и полицијата