1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Заврши заложничката драма во Келн, грабнувачот повреден

ЖА
15 октомври 2018

Специјална единица на полицијата ја ослободи тинејџерката која беше држена како заложник во аптека на главната железничка станица во Келн. Мотивите за грабнувањето не се познати.

https://p.dw.com/p/36ZmP
Deutschland Geiselnahme im Kölner Hauptbahnhof
Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Berg

Во акција на специјалците во аптека во главната железничка станица во Келн, грабнувачот кој држеше едно женско лице како заложник е „ставен под контрола“, соопшти полицијата. Притоа, грабнувачот е потешко повреден и во тек е лекарска интервенција заради негова реанимација, додека заложничката поминала со полесни повреди. Мотивите за делото не се познати, но се исклучува терористичка заднина. Исто така не е познат ниту идентитетот на грабнувачот.

Deutschland Geiselnahme im Kölner Hauptbahnhof
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Becker

Првиот аларм за заложничката драма кај полицијата стигнал во 12 часот и 45 минути, по што бројни полициски сили ја обиколија и евакуираа железничката станица. Железничкиот сообраќајот во станицата во Келн сѐ уште е во прекин, исто како и јавниот градски превоз на линиите кои поминуваат низ железничката станица.

Deutschland Geiselnahme im Kölner Hauptbahnhof
Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Berg

Телевизијата Н-ТВ јави дека кратко пред грабнувањето дошло до инцидент во ресторан за брза храна во железничката станица. Телевизијата тврди дека грабнувачот држел како заложник 14-годишно девојче, кое го полеал со запаллива течност и го запалил, по што го ослободил. Новинската агенција ДПА јави дека од железничката станица е пренесено повредено девојче во болница. Нејасно е дали тоа е во врска со заложничката драма, портпаролка на полицијата изјави дека уште се испитуваат сите детали од случајот.