1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заврши состанокот во Женева околу нуклеарната програма на Иран

26 мај 2005

Иран се согласи да ги одложи натамошните активности околу нуклеарната програма.

https://p.dw.com/p/Acpt
Од состанокот во Женева
Од состанокот во ЖеневаФотографија: AP

По вчерашниот состанок во Женева со европската тројка, кој знае кој по ред, главниот ирански преговарач Хасан Рохани, посочи дека двете страни би можеле да постигнат договор околу нуклеарната програма, за како што рече, многу кратко време.

На разговорите од европска страна учествуваа германскиот министер ѕа надворешни работи Јошка Фишер, францускиот Мишел Барние и британскиот Џек Стро.

,, Имавме плодна дискусија врз основа на ланскиот договор постигнат во Париз. Европската страна посочи дека ќе направи нов детален предлог до крајот на јули и уште еднаш ги призна правата на Иран во договорот кој е против пролоферацијата на нуклераното оружје. Таа земја вети дека програмите не се за атомски цели,, рече по состаноков британскиот министер Стро.

И германскиот колега Фишер беше задоволен од средбата:

,, Секоја страна, ако така мисли, може да ја напушти преговарачката маса, но јас сум среќен што тоа денеска не се случи,, рече Фишер.

Официјален Вашингтон веќе подолго време го обвинува Техеран дека работи на производство на нуклеарно оружје, но Иран демантира образложувајќи дека програмите се наменети само за мировни цели.