1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заврши средбата на ЦСУ

8 јануари 2005

Раководството на германската опозициона Христијанско-демократска унија. Денеска во Кил, треба да го определи курсот на партијата за наредните месеци. Во фокусот се образовната политика и политиката на пазарот на работна сила. Нејзината сестринска партија, Христијанско социјалната, тоа веќе го стори на собирот во Вилдбад Кројт, каде секоја година, на почетокот на јануари, разговара нејзината пратеничка г

https://p.dw.com/p/AcyF
Волфганг Шојбле (ЦДУ) и Михаел Глос (ЦСУ) во Вилдбад Кројт
Волфганг Шојбле (ЦДУ) и Михаел Глос (ЦСУ) во Вилдбад КројтФотографија: AP

�упа. Во Кројт постојано се подгрева и политичката атмосфера, со јасни пораки кон политичките противници, но и кон партнерите во ЦДУ.

ЦСУ како гостин го имаше еден од во моментов, најспорните политичари во Европа. Шефот на италијанските христијански демократи и министер за европски прашања во ЕУ отпадна како комесра за внатрешна политка и правда. Роко Бутиљоне хомосексуалноста ја нарече грев и изрече конзервативни ставови околу улогата на жената. Сепак, ЦСУ , и покрај тоа, или токму поради тоа, е на негова страна. ЦСУ го дели пред се ставот на Бутиљоне дека Турција не и припаѓа на ЕУ.

”Постои прашање на култури. Дали Европа не треба да биде христијански клуб? Европа мора да биде клуб, но христијански. Европа мора да биде христијанска. ”

Сепак, и покрај некои заеднички нешта со ЦСУ, приемот на Бутиљоне во Кројт беше воздржан и покажа дека ЦСУ не сака да биде многу поврзувана со него.

Инаку, судирот во рамки на партиите на унијата продолжува и натаму, и покрај сите деманти. Шефот на фракцијата на ЦСУ, Михаел Глос, во Кројт уште еднаш изрази соменавње во способноста на лидерот на ЦДУ, Ангела Меркел, за тимска работа. Во меѓувреме, ЦДУ во покраината Северна Рајна Вестфалија бара поправка на сликата на унијата во јавноста пред покраинските избори во мај. Врвниот кандидат на покраинската ЦДУ, Јирген Ритгерс, побара единственост:

”Ќе победиме на изборите во Северна Рајна Вестфалија. Тоа како претпоставка треба да има – посилни и порешителни напади врз црвено-зелената коалција.”

Ренате Кехер, шеф на Институтот за демоскопија Аленсбах, и потврди на унијата дека нејзиниот имиџ во јавнота, во моментов е лошо. Доколку унијата не го сопре актуелниот тренд наназад во анкетите, и ги загуби изборите во Северна Рајна Вестфалија и Шлезвиг Холштајн, би била прилично загубена. Тогаш, наново во рамките на унијата би се поставило и прашањето за раководењето на Ангела Меркел.