1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Загубен контакт со уште еден тим на ОБСЕ во источна Украина

ЕМФ/дпа/дв30 мај 2014

Организацијата за безбедност и соработка во Европа загуби контакт со уште еден тим свои набљудувачи во источна Украина. Трага нема ниту од наводно ослободените набљудувачи.

https://p.dw.com/p/1C9NW
Фотографија: Reuters

Врската со тимот набљудувачи на ОБСЕ се прекинала вчеравечер (29.05) околу 19 часот, соопшти денеска Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Тимот бил запрен во градот Северодоњецк, на оддалеченост од околу 100 километри од Луганск во источна Украина.

Трага се‘ уште нема ниту од тимот набљудувачи кои исчезнаа во понеделникот (26.05). Лидерот на проруските сепаратисти Алексеј Чмиленко од Луганск за агенцијата Интерфакс изјави дека четворицата набљудувачи се ослободени. Тие биле предупредени и од нив било побарано да не се задржуваат во регионот без претходна најава.

Kämpfer in Donezk 28.04.2014
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во меѓувреме, министерот за одбрана на прозападната украинска влада во Киев, Михаил Ковал, најави дека „антитерористичката операција“ против проруските сепаратисти продолжува и дека ќе заврши тогаш кога состојбата ќе биде целосно стабилизирана. Целта на операцијата е целосно ослободување на источна Украина од бунтовниците и повторно воспоставување украински структури. Ковал пред новинарите во Киев изјави дека милициите се „целосно“ протерани од делови на источна Украина. Делови од регионот Доњецк, како и северот на регионот Луганск, се под контрола на украинската армија, се тврди во Киев.