1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Западот и Истокот напрегнато гледаат кон Македонија

Павел Лос
28 септември 2018

Во недела македонските граѓани на референдум ќе се изјаснат за можно членство во ЕУ и НАТО и ново име за својата земја. Експертите објаснуваат зошто таму се прекршуваат интересите на Западот и на Русија

https://p.dw.com/p/35d2j
Mazedonien pro-russische Demos in Skopje
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/B. Grdanoski

Никогаш досега толку водечки западни политичари не го посетиле македонскиот главен град Скопје како во септември годинава. Сите дојдоа со цел да ја поддржат владата за референдумот на 30 септември. Граѓаните се прашуваат дали се за членство на земјата во ЕУ и НАТО преку прифаќање на промена на името на нивната земја во Северна Македонија.

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис, кој беше во Скопје во септември и префрла на Русија дека сака да влијае врз исходот на референдумот. За него нема дилема дека Москва започнала кампања за да влијае врз граѓаните во пресрет на гласањето. Москва, која нема интерес од приближување на Македонија кон НАТО и ЕУ, ги отфрли тие тврдења. Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека претставници на западните земји се мешаат во внатрешните работи на земјата, со тоа што го поддржуваат договорот од Преспа.
Во текот на летото критиките кон Москва беа гласни и од Грција и од Македонија. Премиерот Заев го обвини грчко-рускиот бизнисмен Иван Савидис дека во Македонија финансирал политички движења кои сакале да предизвикаат насилство и нереди со цел да влијаат врз јавното мислење. И Грција од слични причини исфрли двајца руски дипломати од земјата во јули 2018.

USA PK vom Verteidugungsminister Jim Mattis im Pentagon
Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис ја обвини Русија дека се мешала во кампањата за референдумот во МакедонијаФотографија: Getty Images/Z. Gibson

Загриженост за цензусот

Според анкетите, околу 57 проценти од граѓаните го поддржуваат влезот на Македонија во ЕУ и НАТО. Но, само една недела пред гласањето претседателот на државата Ѓорге Иванов повика на бојкот. И политичари на опозициските партии се залагаат за бојкот. Според западни дипломати, секојдневно на Фејсбук се појавуваат по 40 страници, преку кои се повикуваат граѓаните да не учествуваат на референдумот, објави „Њујорк Тајмс“. Дипломатите тврдат дека оваа кампања ја финансира Кремљ.
Душан Релљиќ, експерт на берлинската Фондација Наука и Политика за ДВ смета дека поддржувачите на референдумот треба да бидат загрижени. „На референдумот мора да излезат 50 отсто од гласачите, тоа се 900 илјади луѓе“, вели Рељиќ. Македонија има население од два милиони, дел од кои живеат во странство. „Затоа најголемата препрека за Заев ќе биде да го обезбеди неопходното учество на референдумот“, вели експертот.

Dusan Reljic SWP
Душан РељиќФотографија: CIFE

Каде Москва гледа проблем?

Рељиќ објаснува дека ЕУ и во прв ред Германија имаат учество од околу 80 проценти во трговската размена на Македонија. Германските компании во Македонија инвестираат во резервни делови за автомобилската индустрија. Повеќето нафтени рафинерии и фабрики им припаѓаа на грчки и европски бизнисмени. „Во економска, политичка и секоја друга смисла, регионот е тесно интегриран со ЕУ и има многу мали економски врски со Русија“. Големиот проблем за Русија е НАТО, од кого Москва гледа политичка опасност во регионот.
И директорот на рускиот Институт за регионални проблеми, Дмитриј Шурављов смета дека за разлика од членството во ЕУ, членството во НАТО на Македонија за Русија е еден вистински проблем, затоа што Москва „нема сопствен сојуз“. „Обидите за проширување на НАТО, се сфаќаат како обиди да се наруши балансот“, вели експертот.

Deutschland russischer Außenminister Sergej Lawrow in Berlin
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ги отфрли обвинувањата на Западот за мешање во МакедонијаФотографија: Getty Images/AFP/O. Andersen

Но, членството во НАТО и перспективата за влез во ЕУ, според Душан Рељиќ, се важни од аспект на Западот. „Македонија е етнички поделена- меѓу големо албанско малцинство и македонско мнозинство“. Албанското малцинство живее на границата со Косово и Албанија. „Формирањето на една голема албанска држава во регионот“, вели Рељиќ, „ќе води кон дестабилизација не само на Македонија, туку и на целиот регион“.
„Со влезот во НАТО, Западот се надева дека регионот ќе добие поголема стабилност,“ вели Рељиќ.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема