1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зголемен број на насилство поради омраза по изборите во САД

Ребека Штауденмајер
17 ноември 2016

Во училиштата во САД е зголемен бројот на пријави за исцртани графити со свастики и случаи на меѓурасна тензија по победата на Трамп. Исто така, зголемен е и бројот на случаи на насилство поради омраза.

https://p.dw.com/p/2SZ6r
US-Wahlen Protest
Фотографија: Picture-Alliance/dpa/M. Reynolds

Само два дена по победата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп организациите за заштита на правата и корисниците на социјални медиуми јавуваат за зголемување на злосторства предизвикани поради расна омраза низ САД.

Во кафетерија во Лубок, Тексас во четвртокот, маж вербално нападнал семејство со потекло од Блискиот исток, изјави сведок за ДВ. Мажот, кој носел капа на која пишувало „Make America Great Again", на тричленото семејство му рекол дека Трамп ќе изгради ѕид и „ќе ги избрка", изјави Џексон Вон, сведок на настанот. Напаѓачот бил изнесен надвор од кафетеријата од страна на вработените. На социјалните медиуими, корисниците јавуваат за слични настани само два дена по победата на Трамп.

Асоцијацијата на студенти муслимани на Универзитетот во Њујорк во средата објави слика на која се гледа дека на вратата од собата за молење е испишано „Трамп".

Нацистички слогани и симболи

Во средата наутро, свастики придружени со фразата „Sieg Heil 2016" се појавиле на излогот на една продавница во јужна Филаделфија. Локалната полиција го бара лицето кое го нацртало графитот.

Лигата против клевети (АДЛ), меѓународна еврејска група со седиште во САД, јавно го осуди вадализмот кој се случил на 78 годишнината од погромот на Евреите во Германија.

Во средата, уште една голема свастика осамна во Велсвил, Њујорк покрај едно игралиште. На графитот кој ја придружува пишува: „Направија Америка повторно бела“. Локален весник објави дека полицијата врши истрага, но дека никој официјално не се пожалил поради истата.

„Ќе го разгледаме случајот, можеби ќе направиме записник. Доколку некој не поднесе пријава, немаме надлежност да интервенираме“, изјави командирот на полицијата Тим Огрејди.

Пароли и графити

Алармирачки број на пријави за насилство доаѓаат од средните школи низ целата земја. Во писмо испратено до родителите од директорот на средно училиште во Сентер Вели, Пенсилванија се наведува дека ученици навредувале членови на геј заедницата, Афроамериканците ги нарекувале „берачи на памук“ и користеле поздрав “хајл Хитлер". Неколку други училишта ги предупредиле родителите дека во тоалетите се исцртуваат графити со свастиги, слогани за „доминација на белците" и расни навреди против Афроамериканците.

Во училиште во Девит, Мичиген ученици на школска возраст направиле жив штит за да ги блокираат соучениците Латиноамериканци да дојдат до своите шкафчиња и училници. Наводно, во друго училиште, исто така во Мичиген, бели момчиња од училиштето извикуале „изгради го ѕидот" во кафетеријата за време на ручекот.

Зголемување на бројот на СОС повици

Уште за време на изборната ноќ се појавил загрижувачки тренд на зголемување на бројот на повици од луѓе кои бараат советуваање за менталното здравје. Националната СОС линија за спречување на самоубиства забележала зголемување на бројот на повици од 30% ноќта пред изборите.

Д-р Џон Драпер кој работи на СОС линијата, изјави дека на ноќта на изборите повиците се дуплирале. Во СОС центарот, сличен тренд бил регистриран во 2014 година кога актерот Робин Вилијамс извшри самоубиство.

„Ова беше тежок изборен циклус за многу луѓе. Добро е документиран. Имаше многу страв и нервоза на двете страни", вели Драпер.

Вчодоневидувачкиот број на зголемени случаи на говор на омраза, вандализам и вербални напади против ЛГБТ заедницата, муслиманите, Латиноамериканците, Азијатите и Афроамериканците доаѓаат во време кога многумина се прашуваат што значи победата на Трамп за малцинствата. За време на неговата изборна кампања тој ветуваше дека ќе депортира милиони нелегални мексикански имигранти и дека ќе воведе забрана за патување за муслиманите.

Иако Трамп користеше смирувачки тон за време на неговиот говор со тоа што вети дека ќе им служи на сите Aмериканци, критичарите изразуваат загриженост дека неговат реторика за време на кампањата може да предизвика нетолеранција и насилство.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема