1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Здрава исхрана и спортување е решението против дебелеење

7 август 2007

Секој втор Германец е дебел. Според податоци на центарот за статистика околу 37 милиони мажи и жени страдаат од прекумерна тежина. Дојче Веле ги праша граѓаните на Бон: Што да се направи против ваквиот нагорен тренд?

https://p.dw.com/p/BRkl
Едни страдаат од дебелеење, други пак од слабеењеФотографија: PA/dpa

„Многу движење, да се јаде многу зеленчук и овошје и здраво да се живее, притоа и доволно да се спие.Тоа е особено важно.„-вели една средовечна жена.

„Да се пијат многу течности и помалку да се јаде. Треба да се пие вода, а не нешто што содржи многу калории.„-препорачува 28 годишниот Инго.

„Едноставно да се јаде само половината од она што сега го јадеме. Инаку, добро е и повеќе да се спортува. Но, мислам дека најумно е да се храните поздраво.„-им препорачува на слушателите Хајке.

„Помалку да се јаде, да се спортува и здраво да се храните.„-конкретен е Клаус.