Зеехофер се повлече од функцијата потпретседател на фракцијата на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот
22 ноември 2004� изложен поради тоа.
Поранешниот сојузен министер за здравство, 55 годишниот Хорст Зеехофер за својот чекор прво ја извести покраинската група на ЦСУ во Бундестагот, а потоа и медиумите: “Решението го образложив со тоа што и по долги денови на размислување не можам да стојам зад компромисот изнајден меѓу ЦДУ и ЦСУ, зашто тој е во противречност со сите цели кои токму ЦСУ ги застапуваше до ова решение”.
Според Зеехофер, сегашната позиција на партиите на Унијата за политиката во здравството е несоцијална и не може да биде финансирана. Двете сестрински партии со месеци јавно се спореа околу реформата, а тој секогаш беше во центарот на битките. Додека во анкетите рејтингот на партиите на Унијата постојано паѓаше, експертот за здравствена политика даваше интервјуа на сите телевизиски канали, за што му беше посебно забележано фракцијата.
Пред неколку дена тој се договори со претседателот на ЦСУ Едмунд Штојбер да ја препушти надлежноста за политиката во здравството, а да ја задржи функцијата потпретседател на фракцијата. Но, тоа беше неодржливо со оглед на се‘ посилните гласови за целосно повлекување. Претседателот на ЦДУ Ангела Меркел, која е и шеф на фракцијата на Унијата во Бундестагот, прва реагираше на поставката на својот заменик: “Сметам дека решението на Хорст Зеехофер е консеквентно, зашто тој не се гледа себеси во состојба да учествува во поставувањето свртници за премин кон модел на здравствено осигурување со премии, каков што ние договоривме меѓу ЦДУ и ЦСУ. Жалам што тој не може да учествува во тоа поставување на свртниците, зашто имаше многу дискусии на таа тема и според мое гледање, постоеше можност за тоа” – рече Меркел.
Значи, само жалење што Зеехофер нема да ја застапува новата линија, но не и жалење поради неговата оставка. Тоа од една страна е етапна победа на Меркел, за која е пред се‘ важно да се врати мирот во внатрепартиската дебата пред значајните покраински парламентарни избори во Шлезвиг Холштајн во февруари, и во Северна Рајна Вестфалија во мај наредната година. Но, од друга страна нејзе ќе и‘ недостасува профилираниот експерт за здравствена и социјална политика. Покрај тоа, може да се смета и на натамошни напади од политичарот од Инголштад – тој останува пратеник во Бундестагот и заменик-претседател на ЦСУ.