1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Зеленски: Надеж за спас на украинските бранители во Азовстал

ЖА
7 мај 2022

Украина бара начини за да ги спаси своите војници од опколената челичарница во Мариупол, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој повика на претпазливост - се стравува од засилени руски ракетни напади

https://p.dw.com/p/4AxZ3
Ukraine | Präsident Selenskyj
Фотографија: Präsidentschaft der Ukraine/ZUMA/dpa/picture alliance

Засилено се вршат напори за спас на украинските бранители во Азовстал. „Вклучени се влијателни посредници, влијателни држави. Работиме и на дипломатски опции за да ги спасиме нашите војници кои се уште во  Азовстал“,  изјави украинскиот претседател во синоќешната видео порака, но без да наведе повеќе детали.

Во досегашните евакуирања, челичарницата смееја да ја напуштат само цивили, во најголем дел жени, деца и постари луѓе, кои потоа беа упатувани во подрачјата под украинска контрола. Вчера (06.05) од опколената фабрика за челик се евакуирани 50 луѓе, потврди украинската вицепремиерка Ирина Верешчук. Војниците и многумина ранети меѓутоа и натаму остануваат заглавени во последното упориште на украинските бранители на  Мариупол.  Руските трупи со денови постојано ја напаѓаат со бункери тунели силно забарикадираната челичарница. Нивна цел наводно е освојување на Азовстал до 9 мај, Денот на советската победа во Втората светска војна.

Евакуација од челичарницата во Мариупол

Зеленски изјави – доколку бидат убиени цивилите и војниците во Азовстал, нема веќе да се водат никакви разговори со Русија.

Во Украина во меѓувреме растат стравувањата од масивни воздушни напади на 9 мај. Во тој контекст украинскиот претседател ги повика своите сограѓани на посебна дисциплина: „Ги молам сите наши граѓани, посебно во овие денови, да не ги игнорираат предупредувањата од воздушни напади. Украинците треба стриктно да се придржуваат на упатствата на властите и локалните ограничувања на движење“, порача Зеленски. Во одделни украински градови во близина на фронтот важат повеќедневни полициски часови.