Зеленски со апел до мајките на руските војници
12 март 2022Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во своето последно видео обраќање ги повика руските мајки да не ги испраќаат своите деца на боиштата во Украина. Тој ги повика да не им веруваат на ветувањата на руските власти дека ќе бидат испратени „некаде на вежби“ или некаде каде што нема воени услови, туку веднаш да реагираат доколку се посомневаат оти им ги испраќаат децата во Украина.
Ова обраќање на Зеленски дојде откако во средата Русијаза првпат призна дека има резервисти во редовите на своите сили во Украина, од кои многумина не биле обучени за борба, и соопшти оти одреден број од нив се заробени.
„Сакам ова уште еднаш да им го кажам на руските мајки, особено на мајките на резервистите. Не ги испраќајте своите деца во војна во странска земја“, рече Зеленски.
Украинскиот лидер во последното видео обраќање му се заблагодари на полскиот претседател, Анджеј Дуда, а полскиот народ го нарече браќа и сестри, велејќи дека двете земји „формирале исклучително силна унија“.
Повеќе: Европа ја финансира војната на Путин во Украина
Светските новински агенции во меѓувреме јавуваат дека рано утрината, според наводи на локалните власти, експлопзии се слушнале во украинските градови Николаев, Днепар и Кропивницки. Според каналот Телеграм управуван од локалните власти, системот за воздушна одбрана Днепар е успешно активиран. Не е јасно колку експлозии имало во Днепар, а властите додадоа дека ја чекаат официјалната реакција на армијата.
Претходно беше јавено дека сирените за тревога од воздушни напади се огласиле во повеќе од 15 региони и во поголем број украински градови.
Сирени се слушнаа во главниот град Киев, во Лвов на западот на Украина, Одеса на југот, Харков како и во регионот Суми на североистокот и во Днепар на југоистокот на земјата, пренесе агенцијата Ројтерс.
Руските сили вчера се прегрупираа, а сателитските снимки покажуваат дека артилериските сили се приближуваат кон главниот град Киев.