Зехофер нов лидер на ЦСУ
26 октомври 2008Четири недели по политичкиот земјотрес за време на покраинските избори, ЦСУ на партискиот конгрес во Минхен со големо мнозинство го избра Хорст Зехофер за наследник на Ервин Хубер. За новиот партиски лидер се изјаснија 90,3% од присутните. Зехофер треба да ја врати старата сила на сестринската конзервативна партија на ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел.
ЦСУ, по лошиот резултат на покраинските избори на крајот на минатиот месец, за прв пат по 46 години повторно треба да смета на колаициски партнер. Партиските делегати на синоќешниот Конгрес, со големо мнозинство се одлучија тоа да биде Либералната партија. ФДП, за ова денеска треба да донесе и формална одлука на вонредниот партиски Конкрес во Инголштад
ЦСУ покрај губењето на апсолутната моќ во Баварија, е соочена со можна загуба на моќта и во Берлин. Досега во коалицијата со ЦДУ на канцеларката Меркел, малку прашања беа решавани спротивно на вољата на ЦСУ, како на пример данокот на наследен имот. Во сојузниот Парламент, Бундестагот, таа е претставена со 46 пратеници, како дел од заедничката фракција со ЦДУ, која брои 179 пратеници. Зехофер тоа не сака да го загуби:
„Моето идно работно место можеби ќе биде Минхен. Но мојата борбена сила ќе биде проширена и на Берлин. Тоа можам цврсто да го кажам„
ФДП веќе ги одреди покраинските министри
Главниот кандидат на ФДП и веројатен иден покраински министер за економија, Мартин Цајл, пред почетокот на состанокот во Инголштад изјави дека е потребен нов почеток во економско-финансиската политика.
Раководството на Либералите уште синоќа ги утврди имињата на кандидатите за двете места во владата со ЦСУ. Покрај Цајл, кој треба да ја наследи министерката за ејкономија Емилиа Милер, од оваа партија ќе раководат и со министерството за наука. Кандидат за министерската позиција е 62 годишниот заболекар Волфганг Хојбиш.
Инаку од 1962 година, ЦСУ единаесет пати по ред освојуваше апсолутно мнозинство на изборите во Баварија. Како сестринска партија на ЦДУ-Христијанско Демократската Унија, ЦСУ-Христијанско Социјалната Унија постои само во Баварија. Таа е единствената покраинска партија во Германија, која е активна на сојузно ниво.