1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Медиуми

ЗНМ: Напади за замолчување на новинарите

ЖА / агенции
22 јануари 2018

Македонските новинари работат во небезбедни услови, лани биле тепани, киднапирани, било повикувано на нивен јавен линч, често примале закани, стои во најновиот извештај за состојбата на медиумите, изработен од ЗНМ.

https://p.dw.com/p/2rIZB
Mazedonien Proteste im Parlament
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Насилниците и нивните ментори сакаат да ги замолчат новинарите.  Минатата година се регистрирани 18 нови напади на новинари, од кои 13 физички напади, а пак останатите се вербални, односно закани. Најбрутален напад е оној на 27 април 2017, каде насилниците кои влегоа во Собранието, ги нападнаа новинарите, им одземаа опрема, а притоа, со оружје беа со часови држени таму, а полицијата не реaгираше. Насилниците сè уште не се казнети. Позитивно искуство имаме со полицијата, каде веднаш ги наоѓаат насилниците, но Обвинителство не ги процесира", констатира Насер Селмани, претседател на Здружението на новинарите во Македонија, презентирајќи го најновиот Извештај за состојбата на медиумите и безбедноста на новинарите. 

Според него, 95 посто од нападите се извршени од претходната власт, односно сегашната опозиција. Селмани вели дека застрашувачки е што новата власт не е исто така заинтересирана за медиумите, со оглед што процесирани се пријавите и нападите врз политичарите кои се случија на 27 април, а ниту една пријава за нападите врз новинарите.

Повеќе на темата: 

Новинарите први жртви на ескалирачката криза

Растат притисоците врз истражувачките новинари

Извештајот, исто така, покажува дека новинарите работат под исклучително лоши економски услови, имаат мали и нередовни плати, а немаат ниту договори за трајно вработување.

„Според истражувањето, 45 проценти од новинарите имаат помали плати од македонскиот просек, а на мнозинството им доцнат платите. Нема подобрување ниту на законодавството, кое не е усогласено целосно со најдобрите европски практики“, изјави Селмани.

Истовремено, влошена е професионалната етика и нивото на цензура. Извештајот констатира дека  погрешната политика на минатата влада, користењето на јавните пари на приватните медиуми со цел да се контролира нивната уредничка политика, довела до фундаметални известувањa во медиумскиот сектор и ги ставила медиумите во непосакувани ризици. Извештајот ги карактеризира медиумите како партиски и независни. Истражувањето покажува дека состојбата со слободата на медиумите во Македонија е речиси иста во однос на минатата година, Како што е наведено и во извештајот на Фридом хаус за 2017. година, медиумите во Македонија не се слободни, а според Индексот за слободата на медиумите на Репортери без граници, земјата се наоѓа на 111 место од вкупно 180 држави.