ЗОИ во Торино
27 февруари 2006„Мителдојче Цајтунг„ во коментарот забележува:
„ Првото место во вкупниот пласман, 29 медали и многу извонредни настапи, се резултат на континуирана работа во повеќе зимски дисциплини. За разлика од Атина, во летото 2004,и покрај побројната и по квалитет посилна конкуренција, немаше пад. Концентрацијата на помал број центри кои ќе се субвенционираат, со оглед на резултатот на теренот, очигледно се исплатеше. Се разбира дека методите од тренинзите во биатлон или скијачко трчање не можа едноставно да се пренесат во атлетиката, но би било корисно доколку се размисли за концепцијата„ пишува„ Мителдојче Цајтунг„
„ Нордбаерише Куриер„ е разочаран од игрите во Торино:
„ Она што преку малите екрани пристигнуваше компактно, дури и гламурозно, од местото каде се доделуваа медалите, во реалноста беше една растргната приредба, во која бројните филијали организациски не беа ставени под една капа. Големата одалеченост и сообраќајните проблеми се одразија и на одзивот на публиката и на расположението. Како прогласувањето на победниците во нордиските дисциплини да беа дел од државно јуниорско натпреварување„ пишува „ Нордбаерише Куриер„
„Минхенер Меркур„ на истата тема коментира:
„ Не е добар знак ако на крајот некои замерки доживеат олеснување. Конечно е готово и можеме да исчезнеме. Така некако одговараа олимпијците кога на крај ќе ги прашавте за ОИ. Кога ќе помислат на своето време во Торино и околината,се будат мисли на калливи патишта, конфузен транспорт и празни трибини. Игрите ќе останат во сеќавање заради аферата со допингот, која ниту од далеку не е приведена до крај„ закључува во коментарот „Минхенер Меркур„